Прва работилница од проектот „Реинтеграција на младите преку меѓудисциплинарни пристапи“

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Во ресторанот „Але-Дар“ во Кочани денеска се одржа првата работилница во рамки на проектот „Реинтеграција на младите преку меѓудисциплинарни пристапи“, што се реализира преку програмата „Еразмус+“.

На работилницата беа презентирани досегашните активности и постигнати резултати од проектот, чија цел е поттикнување на поголема вклученост и поддршка на младите преку заедничка соработка на институциите и граѓанскиот сектор.

На настанот присуствуваа претставници од локалната самоуправа, основните и средните училишта, Центарот за социјални работи, Црвен крст, како и претставници на повеќе невладини организации.

Повеќе за проектот и активностите слушаме во продолжение од Голубинка Георгиева од Општина Кочани.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Трговскиот гигант SPAR пристигна во Македонија – „Кит-Го“ во Кочани наскоро станува SPAR

Познатиот европски трговски бренд SPAR  влезе на македонскиот пазар со инвестиција вредна 45 милиони евра, средства кои ќе бидат инвестирани во следните три години. Во првата фаза ќе бидат вложени 15 милиони евра за отворање нови маркети и ребрендирање на дел од „Вива Фреш“ и „Кит-Го“ во Спар маркети. Компанијата најавува повеќе од 60 продавници

Општина Чешиново-Облешево учествуваше на 23. меѓународен фестивал на штркот – „European Stork Villages Network“

Делегација од Општина Чешиново-Облешево, предводена од градоначалникот Јорданче Костадинов, учествуваше на 23. меѓународен фестивал на штркот – „European Stork Villages Network“, што се одржа во Пловдив и Белозем, едно од најпознатите „села на штркот“ во Европа. На фестивалот беа разменети искуства и добри практики за заштита на белиот штрк, зачувување на природните живеалишта и развој

Утревечер стартува 63. издание на ДАФ во Кочани

Утревечер со почеток во 20 часот ќе биде отворено 63. издание на Драмскиот аматерски фестифал (ДАФ), во Центарот за култура „Бели мугри“. На петдневниот настан ќе учествуваат театри од Македонија, Србија и Црна Гора. Затворањето на ДАФ и доделувањето на наградите е закажано за в среда, 20 мај. Програмата во целост: