Учениците од основното училиште „Кире Гаврилоски-Јане“ се државни прваци во ракомет.
На Државното првенство во ракомет (машки) за основни училишта кое се одржав во салата на ООУ „Добре Јованоски“, тие покажаа борбен дух, црврста и организрана игра и заслужено беа победници на турнирот во организација на Федерација на училишен спорт на Македонија , и го подигнаа победничкиот пехарот.
На Државното првенство во ракомет (машки) за основни училишта учестуваа: ООУ „Христијан Тодороски Карпош“ – Куманово, ООУ „Мите Богоевски“ – Ресен, ООУ „Коле Неделковски“ – Скопје и ООУ „Кире Гаврилоски Јане“ – Прилеп.
Од училиштето посочуваат дека овој успех е резултат на континуиран труд и сериозен пристап кон ракометото како спорт број еден во Македонија, а дополнителна заслуга за вавкиот успех оди и кај наставничката Теодора Кочоска, која го водеше тимот низ натпреварувачкиот процес.









