Под влијание на влажен бран, утре кон крајот на денот, во текот на ноќта кон петок и во петок најпрвин во западните, а потоа и во останатите делови на Македонија, ќе има обилни врнежи од дожд (над 30л/м2).
Дневните температури значително ќе опаднат.
Во деновите од викендот и во понеделник ќе има услови за слаб локален дожд, а дневните температури повторно ќе бидат во пораст, информираат од ЦУК -Прилеп









