Во просториите на Мултикултурниот центар во Кочани се одржа јавниот час „Музичка среда“, во организација на учениците и наставниците од ОМУ „Ристо Јуруков“ Кочани.
Настанот понуди богата музичка програма исполнета со инструментални изведби, преку кои учениците го покажаа својот талент, креативност и музичка подготвеност стекната во текот на образовниот процес.Публиката имаше можност да ужива во разновиден репертоар и настапи на млади музичари кои со голема посветеност и емоција се претставија пред присутните.
Од училиштето истакнаа дека ваквите јавни часови претставуваат значајна можност за учениците да стекнат сценско искуство, но и да ја промовираат музичката уметност и култура во локалната заедница.
Настанот помина во пријатна атмосфера и беше поздравен со аплаузи од присутната публика, која уште еднаш ја потврди поддршката за младите таленти од Кочани.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









