Кочани на 18 и 19 мај ќе живее во знакот на матурските свечености и последните средношколски мигови на генерацијата 2026.
В понеделник, со почеток во 18 часот и 30 минути, учениците од четврта година од СОУ „Љупчо Сантов“ ќе го одржат последниот класен час, по што ќе следува свечено дефиле низ училиштето.
Матурантите ќе влезат од задниот дел на објектот, а симболично ќе излезат од предната страна, означувајќи го преминот кон ново животно поглавје. Вечерта ќе продолжи со матурска прослава во ресторанот „Амор“.
Празничната атмосфера продолжува и во вторник со матурантите од СОУ „Гошо Викентиев“.
Последниот класен час е закажан за 18 часот, по што генерацијата ќе продефилира низ училишниот двор.
Во 19 часот свеченото дефиле ќе продолжи во Паркот на Револуцијата, каде традиционално ќе биде прогласен и ученикот на генерацијата.
Заокружувањето на средношколските денови за учениците од СОУ „Гошо Викентиев“ е резервирано за ресторанот „Аледар“, каде од 20 часот ќе започне матурската вечер исполнета со музика, емоции и незаборавни спомени.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









