(ВИДЕО) Убава традиција – прилепските матуранти запеаа и заиграа во центарот на Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Убаво е кога се задржува традицијата, матурантската, барем за генерациите прилепски матуранти кои знаат како да го одбележат крајот на еден дел од нивниот живот и почетокот на за нив една нова страница во животот, и тоа во центарот на градот. И годинава успеавме да ја регистрираме таа атмосфера, исполнета со многу песна, оро, насмеани лица, позитивни вибрации и пријателско расположение. Прилепските матуранти навистина го привлекоа вниманието на прилепчани но и искрено, донесоа ведрина низ прилепската чаршија. Во продолжение погледнете го видеото од атмосферата, а на овие млади личности, успех во нивниот живот  и многу  успеси понатаму од тимот на #РАДИОШТОСЕГЛЕДА

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Отворен ден на прилепските средни училишта

Мај е месецот на уписи во образовниот систем, претставување на можностите на средните училишта, на профилите кои што се нудат за идните средношколци. Утре, четврток 14 ти мај, во четирите средношколски центри во Прилеп СОУ „Орде Чопела“, СОУ „Ѓорче Петров“, СОУ „Ристе Ристески Ричко“ и Гимназијата Мирче Ацев ќе се...

Прилепскиот театар подготвува нова претстава „Девојките на Марко“ во режија на Синиша Ефтимов

Во театарот „Војдан Чернодрински“ во полн ек се пробите за новата претстава „Девојките на Марко“  според Боинг Боинг од  Марк Камолети, во режија на Синиша Ефтимов, во која ќе игра поголемиот дел од ансамблот на театарот. Премиерата ќе биде на крајот на мај. Ова ќе биде втора премиера на претстава...

Футсал екипата од СОУ „Ристе Ристески Ричко“ не избори пласман во полуфинале на Европско

Екипата од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ од Прилеп на  Европското првенство во футсал за ученици до 18 години во Бања Лука, Република Српска, денеска ја пропушти шансата за пласман во полуфинале. Со екипата на Унгарија прилепската екипа не успеа соодветно да се спротивстави и загуби со резултат од 1:...