Пазарот на недвижности во државата во првиот квартал од годинава бележи опаѓање, покажуваат најновите податоци на Агенција за катастар на недвижности.
И покрај намалената активност на национално ниво, Кочани се издвојува како општина со најмногу продадено земјоделско земјиште и шуми, додека Зрновци е меѓу општините со најмал број реализирани трансакции – само осум.
Вкупната вредност на пазарот на недвижности изнесува 276, 3 милиони евра, што е за над 12, 4 проценти помалку во споредба со последниот квартал од минатата година.
Продажбата на станови е намалена за 27 проценти, а нивната вредност за 23 отсто.
Пад е забележан и кај куќите, деловните простори и закупнините.
Единствен раст има кај откупот на недвижности од државата, кој е зголемен за 175 проценти.
Најскапиот стан е продаден во Кисела Вода – 45 квадрати за 130 илјади евра, односно речиси 2.900 евра за метар квадратен.
Најмногу станови се продадени во Аеродром, а најголем број трансакции се реализирани во Центар.
Во првите три месеци од годинава се регистрирани и 712 новоизградени станови, што е речиси 30 проценти помалку од претходниот квартал.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









