Во Центарот за култура Марко Цепенков,вторник, на 12 ти мај од 20 часот ќе се одржи голем хуманитарен концерт за помош во лекувањето на Моника, која боледува од рак.
Големите македонски фолк ѕвезди обединети во хуманата мисија, ќе учествуваат: Спасен Силјаноски, Благоја Груевски, Влатко Миладиновски, Дарко Стојаноски, Стојне Николова, Елена Велеска, Елена Јовческа, Мирослав Мирчески, Методија Столески, Марјан Коцев и КУД „Моминок“.
Влезниците се по цена од 250 денари и можат да се набават на билетарницата од Центарот секој ден од 11 до 13.00 ч. и 18.00 до 20.00 ч.
Терапијата во Турција дава надеж за лекување на Моника за победа над болеста и тоа шансата за живот на Моника, да помогнеме сите!!!









