(ВИДЕО) Собирен центар за секој отпад во своја класа контејнер – еко пункт за чист Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Од денеска, Прилеп има и официјалнен  простор, со повеќе впечатливи контејниери, односно собирно место за одлагање на електричен и електронски отпад, отпад од текстилни производи, стаклена амбалажа, хартија и пластика, отпад кој не припаѓа ниту во зелената , ниту во жолтата канта.

 

„Собирниото место, на улица „Трајко Николоски“, пред влезот на гаражите на ЈКП ,,Комуналец’’- Прилеп , локацијата која обезбедува 24-часовен видео надзор , имајќи ги предвид претходните искуства со оштетувањата на поставената инфраструктура на јавни површини. Во европските градови ваквите собирни места најчесто се поставуваат во централни градски подрачја како уредени и безбедни простори за селекција на отпад. Сепак, во овој случај е избрана контролирана локација со цел заштита и правилно користење на опремата. Од ова собирно место очекуваме да се подигне свеста на граѓаните за селктирање на отпадот, да се зголеми селекцијата на отпадот за да имаме поздрава животна средина“  посочи, директорот на ЈКП Комуналец, Љупчо Јованоски.

Комуналната опрема за собирање на електричен и електронски отпад е обезбедена од Колективниот постапувач Ел Колект, кој има обврска електричниот и електронскиот отпад да го собере, транспортира и согласно Законот за електричен и електронски отпад да го рециклира и
отуѓи. Контенерите за  електричниот и електронски отпад, во монтажните куќаркиги, можат да се одлагаат сите уреди што работат на напон од 220V, бела техника, мали домашни апарати: тостери, фенови, кафемати, електрични бокали и слично , ИТ опрема: телефони, лаптопи, тастатури, кабли и друга опрема (во специјална витрина), светилки: сите видови, селектирани во означени канти од 120 литри и во решеткасти контејнери: монитори и компјутерска опрема.

Дополнително, на овој простр е поставено и „ѕвоно“ за одлагање на стаклена амбалажа (шишиња и тегли), како и контејнери за Пет амбалажа, хартија и картон, кои можат да користат за граѓаните кои не се вклучени во куќната на селекција на отпад.
Во соработка пак со Колективниот постапувач ,,Тексомак’’ и кампањата ,,Селектирај отпад, во собирното место започнува и процес на собирање текстилен отпад.
Граѓаните имаат две опции: да го одлагаат текстилниот отпад во собирното место пред Комуналец, или да го одложат во кругот на Текстилната индустрија Конфи Ангел  или преку апликацијата која е поставена на Веб страната на Тексомак и Комуналец каде електронски можат да пријават отпад (минимум 5 кг), по што ќе биде организирано подигање од домот на граѓанининот, но никако текстилниот отпад повеќе не треба да завршува во кантите и контејнерите за мешан комунален
отпад.

„Ова претставува почеток на системско управување со текстилниот отпад, со план во иднина да се прошират вакви организирани локации на територијата на општина Прилеп. Овој мал собирен центар е значаен чекор кон подобрување на системот за селекција на отпад и подигање на јавната свест, како и прилагодување на потребите за одлагање на отпад и процедурите за депонирање кои ќе се применуваат во идната Регионална депонија. Иако несекој селектиран отпад може да се рециклира, правилната селекција е клучна за заштита на животната средина. Граѓаните активно да се вклучат во процесот на слекција на отпад и да придонесат за почиста и поздрава околина. Она што треба да го најавиме е дека Општина Прилеп, заедно со ЈП Комуналец Прилеп, работи на проект за голем собирен центар каде ќе се селектираат најмалку 30 видови отпад, согласно сите стандарди. Ова е мал чекор со поставување на комунална инфраструктура Согласно Законот за Електричен и електронски отпад, но и Законот за посебните текови на отпад, но голема придобивка за граѓаните и зачувувањето на животната средина.“ истакна градоначалникот на Прилеп, Дејан Продансоки.

Во моментов во собирното место од ЈКП „Комуналец“ не постои инфраструктура за собирање батерии на оваа локација, но тој отпад може да се одлагаат во основните и средните училишта, каде се поставени специјални садови. Батериите се класифицираат како опасен отпад и не треба да завршуваат на депонии,велат комуналците.

Воедно, денеска во Прилеп пристигна и ново специјализирано возило за подигање на отпад, обезбедено преку Министерството за животна средина и просторно планирање, како дел од Регионалната програма за управување со цврст отпад.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Кривична за стрелачки клуб во Прилеп, неовластено поседувале и продавале оружје

Кривична пријава против стрелачко друштво од Прилеп, против управителот и ракувачот со оружје за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ ОВР Прилеп во координација и содејство со Одделот за криминалистичка полиција – Единица за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен...

Ротари клубот донираше прочистувачи за воздух за уште две градинки во Прилеп

Во рамките на проектот „Чистиот воздух стандард во градинките во Прилеп“, Ротари клубот Прилеп опреми уште две детски градинки во градот со професионални прочистувачи на воздух,  со најсовремени филтри од реномиран производител.  Во оваа прилика прочистувачи за воздух добија градинките „Тризла“ и „Гоце Делчев“. Ротари клубот Прилеп донираше вкупно осумнаесет...

Во Прилеп се одбележаа 7 Мај – Денот на македонската полиција

По повод 7 Мај – Денот на македонската полиција  градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски  го посети Одделението за внатрешни работи (ОВР) – Прилепи се запозна со работењето на припадниците на Министерството за внатрешни работи. Тој при оваа прилика изрази благодарност за нивната посветеност, професионалност и пожртвуваност во секојдневната грижа за...