По повод 7 Мај – Денот на македонската полиција градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски го посети Одделението за внатрешни работи (ОВР) – Прилепи се запозна со работењето на припадниците на Министерството за внатрешни работи.
Тој при оваа прилика изрази благодарност за нивната посветеност, професионалност и пожртвуваност во секојдневната грижа за безбедноста, мирот и сигурноста на граѓаните на Прилеп.
„Македонската полиција е еден од најважните столбови за стабилно и безбедно општество во Република Македонија. Нивната одговорност и служба кон граѓаните заслужуваат почит и поддршка, затоа што токму преку заедничка соработка, доверба и меѓусебно почитување создаваме посигурна иднина за сите. Како Локална самоуправа, и понатаму ќе продолжиме да градиме партнерски однос со ОВР Прилеп, во интерес на безбеден, мирен и стабилен град во кој нашите деца ќе растат спокојно и безгрижно. На сите припадници на македонската полиција им посакувам добро здравје, успех и многу професионални успеси“, истакна градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски на својата ФБ страна.









