Кочанчанец пронајден со повреди на главата во речен канал во село Лески. Итно бил пренесен во „Мајка Тереза“ Скопје
На 06.05.2026 околу 23.30 во ОВР-Виница било пријавено било дека во речен канал во с.Лески, виничко, било пронајдено машко лице со повреда на главата. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека се работи за П.А.(19) од Кочани. Од екипа на Итна медицинска помош му била укажана лекарска помош и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ на понатамошно лекување. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









