Општина Кочани, во соработка со училишта и невладини организации, в петок, 8 мај, со почеток од 9 ч., ќе спроведе активности за собирање и селектирање отпад на четири локации, во рамките на националната акција Генералка викенд.
Ќе се расчистува расфрланиот отпад во околината на Градскиот стадион „Никола Мантов“ – кај Градскиот базен, во населбата Тикешински Лозја – кај маркетот „Супер Кит-го“, во околината на „АСНОМ“ и во месноста Бавчалук.
Координирани од комуналните служби на Општина Кочани, во Генералка викенд ќе бидат вклучени училиштата „Св. Кирил и Методиј“, „Раде Кратовче“, „Љупчо Сантов“ и „Гошо Викентиев“, граѓанските здруженија „Академија“, „Креатори на иднината“ и Ротари клубот Кочани-Виница.
Собраниот и селектиран отпад од оваа акција ќе биде измерен и соодветно депониран од КЈП „Водовод“ – Кочани
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









