Од денеска дел од улицата Кузман Јосифоски во непосредна близина на ЦК Марко Цепенков е со изменет режим на сообраќајот заради градежни работи, при што нефункционален е и јавниот паркинг. Во тек се активностите за промена на водоводна мрежа на дел од улицата од кружниот тек кај Цепенков. Станува збор за проектот – промена на водоводна мрежа од јазол на Бул. “Гоце Делчев” со улица “Кузман Јосифоски” (бр. 1-55) до јазол на улица “Кузман Јосифоски” со ул. “Ленин” (бр. 1-72) – фаза Хидротехника.
Еден дел од улицата во должина е прокопана, при што за сообраќај е дозволен пристап само за станарите од улицата. Екипите од дене ска работат на поставување на нова водоводна мрежа.
Овој проект е дел од владината финансиска помош за која Општина Прилеп аплицираше на вториот јавен повик од Министерството за локална самоуправа за финансирање на инфраструктурни проекти.









