Општината апелира, граѓаните уште погласни: Тротоарите да се ослободат од хаварисани возила

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Општина Прилеп излезе со повик, граѓаните да ги отстранат своите хаварисани возила од јавните површини

Се известуваат сите жители на Општина Прилеп дека согласно Законот за управување со дополнителни текови на отпад и Упатството за постапување на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје со напуштени или отпадни возила во чекори (во понатамошниот текст: Упатството), сопствениците, односно носителите на правото на користење на напуштени или отпадни возила во чекори (хаварисани, оштетени и неисправни возила) се должни да ги отстранат истите од природа и јавни површини. Се повикуваат сите сопственици и корисници на вакви возила, во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на објавувањето на ова известување, доброволно да ги отстранат своите напуштени или отпадни возила во чекори (хаварисани, оштетени и неисправни возила) од наведените површини. Доколку во наведениот рок возилата не бидат отстранети, Општина Прилеп ќе постапи согласно Законот за управување со дополнителни текови на отпад и Упатството за постапување на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје со напуштени или отпадни возила во чекори. Општина Прилеп апелира до жителите да постапат согласно ова известување, со цел обезбедување на безбедност во сообраќајот, заштита на животната средина и зачувување на јавниот ред и уреденоста на јавните површини.“ се вели во соопштението“

Иако, не стои со народски јасен реченик , во општинскот соопштение “што точно ќе се преземи ако не се отстранат возилата“ и што тоа значи “ќе се постапува по “тој и тој закон“ во чекор“, сепак јасно е дека општината  презема иницијатива за рачистување на наталожениот проблем со хаварисани возила во градот. Мерката има за цел да се расчисти јавниот простор- паркинг местата, тротоарите и другите површини од возила кои со години не се во возна состојба, скапуваат и пропаѓаат пред очите на сопствениците и минувачите.
Само соседите ги пријавуваат хаварисани возила, но нема заинтересираност кај сопствениците за бесплатно отстранување на возилата“ вели една сограѓанка

А, граѓаните уште по реални, погласни и со предлози – бараат да се отстранат и оние возила на кои  пишува “Се продава“, а стојат со месеци на тротоарите иако можеби се во возна состојба.
Други пак, потсетуваа на изградбата на гаражи на јавен простор, а колите на сопствениците  повторно се на јавен простор, земајќи ја населбата Точила како пример
Точила има 100тина гаражи на јавен паркинг и на јавна површина, дел не предвиден за паркинг туку кој фатил место си направил гаража, проблем е што тие сопственици на гаражи своите возила повторно си ги оставаат на паркинг, а не во гаражата, па може да се рече дека од 100 гаражи, 10 души АКО има што секој дневно ги користат гаражите, многу пати е реагирно.Дражт гаража, дали празна дали со дрва дали со шут .Узурпираат јавен паркинг простор и колата пак надвор на друго паркинг место, и ти викаат абе ај на секое влези излези че прајме, немам место од дрвата и други изговори. Секако вршат злоупотреба на јавниот простор, или легализирајте му ги, нека си го купат местото ко во Скопје во некои населби шо му прават по 5-10 илјади евра, или рушете ги да се ослободи паркинг просторот.“ пишува граѓанин.
Да се почне со паркингот кај некогашната фабрика 11 Октомври, кое е место на голем број хаварисани возила, посочуваат граѓаните кои живеат во тој реон и даваат предлози за квалитетно уредување
Посебно замолувам за широкиот паргинг простор на поранешна фабрика 11ти Октомври. Прекрасно место со кош за баскет, мал паркинг место за велосипеди. Голем простор за паркинг за маркетот, огромно место за играње на децата, прекрасен дрворед од липи… Зошто станува депонија и место за отпад на возила и приколици од камиони? Жал и неверување… Не може жена со количка да помине сега, премногу опасно стана за поминување поради стакло и остатоци, а и веќе големо ѓубре се насобира… Ќе ве замолам обнете внимание тука„, своето видување на оваа тема го изразува друг граѓанин
Останува прашањето дали општината навистина ќе го слушне гласот на граѓаните,нивние предлози и желба да помогнат за отстранвуање на возилата кои се неупотребливи. Повикот е јасен, револтот е гласен, тротоарите не смеат да бидат депо за хаварисани возила. Одговорноста е сега на институциите, колку поефикасно ќе го решат проблемот, бидејќи трпението на граѓаните одамна е потрошено.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Дел од улицата „Кузман Јосифоски“ и паркингот кај Цепенков затворена за сообраќај-се реконструира водоводната мрежа

Од денеска дел од улицата Кузман Јосифоски во непосредна близина на ЦК Марко Цепенков е со изменет режим на сообраќајот заради градежни работи, при што нефункционален е и јавниот паркинг. Во тек се активностите за промена на водоводна мрежа на дел од улицата од кружниот тек кај Цепенков. Станува збор...

Кривогаштани се приклучува кон еко акцијата ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД

Општина Кривогаштани и оваа година активно се приклучува на националната еко акција GENERALKA WEEKEND, Генералка Викенд , која ќе се одржи на 8 мај (петок) Почеток на еко акцијата е во 10:00 часот, а целта е грижата за чиста и здрава животна средина какоа обврска на секој жител. Ваквите иницијативи...

Распоред на планирани прекини на електрична енергија за 6, 7 и 8 ми мај во општина Прилеп

– ПЛАНИРАНИ ПРЕКИНИ на ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА на 06.05.2026год. (Среда) од 09.00 ч. до 13.00 часот во следните населени места во Општина Прилеп : с. Ношпал, с. Добрушево, с. Ивањевци, с. Вашарејца, с. Подино, с. Свети Тодори, с. Трновци, с. Тополчани, с. Чепигово, с. Тројкрсти, с. Загорани, с. Весeлчани и Репетитор...