ФК Братство 07 Житорше е шампион во Општинската Б-лига на ОФС Прилеп и од идната сезона ќе се натпреварува во повисок фудбалски ранг, Општинската квалитетна лига на ОФС Прилеп, што беше желба на сите жители од ова населено место, каде фудбалот преставува љубов, гордост и заедништво.
Тие во рамките на последното 14. коло од Општинската Б-лига на ОФС Прилеп, наместо во Обршани каде требаше да се одигра последниот натпреварот меѓу Партизан – ФК Братство 07, беше одлучено натпреварот да се игра во Житоше, заради доделување на пехарот и најавената прослава за освоеното прво место на ФК Братство 07 . Меѓутоа гостите, не се појавија на терен во Житоше, така што трите бода од последнето 14. коло од Општинската Б-лига беа службено доделени на ФК Братство 07. Со ова ФК Братство остана лидер на табелата ( 11 победи/1 нерешен/2 загубени натпревари) со вкупно 34 бода, (9 повеќе од второпласираната екипа ФК Прилеп Сити) и официјално и со право ја потврди шампионската титула во оваа натпреварувачка сезона и станаа, официјален шампион во лигата.
И, крајот на првенството, беше означен со доделување признанија , како што доликува на шампиони, признаија за фудбалерите, шампионски пехар и медали, завршувајќи потоа со големо славје на фудалските шампиони.
.
„По една долга сезона полна со предизвици, труд и жртви, успеавме! Титулата на ОФС Прилеп доаѓа таму каде што и е местото. Горд на оваа група момци кои никогаш не се откажаа. Напред! “ напишаа на својот ФБ профил, ФК Братство 07 од с. Житоше.
Тие во ова прилика му се заблагодарија и на некогашнио капитен и сегашен тренер, Музафер Алиоски, „кој со својата посветеност, иницијатива и љубов кон спортот даде голем придонес за враќањето на клубот и спортскиот дух во Житоше. Неговата работа е пример дека кога има желба, труд и заедништво, фудбалот повторно може да го обедини местото“ велат од клубот.
За екипата Братство 07 од Житоше во оваа натпреварувачка сезона настапуваа : Артим Јусуфи, Берат Сулејмани, Абил Емини (капитен), Изет Емини, Мерис Шкријељ, Ељмер Османи, Онур Имероски, Џенан Идризовиќ, Ардит Јашари, Леутрим Бафтироски, Алиџан Фазлија, Дениз Јашароски, Самир Салиу, Фејсал Ибраими, Мерсин Мемедоски, Омер Јусуфи и други. водени од бившиот успешен играч и капитен, сега тренер во дебитантска сезона – Музафер Алиоски.









