ООУ „Никола Карев“- Реконструиран покривот на спортската сала, мурали на ѕидните површини, табли за ПУ во Тркање

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Неколку активности неделава се реализирани  во ООУ „Никола Карев“ од Кочани.

Обновени се и реконструирани делови од покривот на спортската сала „Кочанските ангели 16 март 2025“, каде се изведува наставата по физичко образование. Салата е подигната пред 13 години, зафатот е направен во насока на нејзино одржување и обезбедување подобри и побезбедни услови за работа на учениците и наставниците и за сите што ја користат.

-Истовремено, во подрачното училиште во с. Тркање поставени се  нови бели табли во сите училници, со што значително се подобрени условите за одвивање на воспитно-образовниот процес, ни изјави директорот на ООУ „Никола Карев“, Александар Андов.

-Нашата цел е јасна секое дете, без разлика каде учи, да има еднакви и квалитетни услови за образование, нагласува Андов.

Паралелно со ова, во училиштето се одвива проектот „Заедно за Кочани“  во партнерски однос  со невладината организација „Odonata Association“.

Училиштето ги отстапува ѕидни површини, а ликовните уметници на „Odonata Association“ на нив создаваат мурали, како траен спомен за    починатите во трагичниот пожар во „Пулс“.

Според директорот  Андов, овие уметнички дела не се само визуелен израз, туку и симбол на љубов, сеќавање и заедништво.

Реконструкцијата на делови од покривот на спортската сала и набавката и нивното поставување во подрачниот училишен објект во с. Тркање, се направени со средства што се обезбедени преку донации од општествено одговорни компании.

Сликањето  мурали на ѕидовите од училишната зграда во Кочани и спортската сала, пак, е заеднички проект со НО „„Odonata Association“ добиен од UNDP.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

На 5 мај изложба на учениците од Училиштето за цртање и сликање на ЦК „Бели мугри“

Националната установа Центар за култура „ Бели мугри“ Кочани Ве поканува на отворањето на изложбата насловена „ Портрети“  на учениците од Училиштето за цртање и сликање кое работи во состав на Установата под менторство на Александра Димитрова, стручен соработник за визуелни уметности, архитектура и дизајн. Отварањето на изложбата е закажано за 05.05.2026  година ( вторник

Што е со булеварот, улиците, Домот за стари лица, паркинзите и останатата инфраструктура во Кочани – Владко Грозданов

Граѓаните имаат право да бидат информирани за случувањата и најновите проекти од Општина кочани. Од нив некои се во изведба, некои во тек, а други пак во проектна документација и никако да започнат. Во моментов течат работите на булеварот „Теодосија Паунов“ од десната страна. Се привршуваат активностите на улицата „Бел Камен“, а се подготвува и

ОУ „Св. Кирил и Методиј“ со нов успех – ученикот Петров ќе учествува на Јуниорска македонска математичка олимпијада

Училиштето „Св. Кирил и Методиј“ од Кочани е училиште  на вистински и големи математичари ! ГОРДО  училиште ! Голема гордост и престиж е ученик да учествува на ЈММО (Јуниорска македонска математичка олимпијада) СТЕФАН ПЕТРОВ,  ученик во 8 одд. во ОУ„Св. Кирил и Методиј„   – Кочани, ( под менторство на наставничката Елизабета Ѓорѓиева) е единствениот ученик