Повеќето жртви во „Пулс“ се задушиле од јаглерод моноксид, дел починале од згмечување во стампедото

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Во судницата во Идризово денес беа презентирани едни од најтешките материјални докази во процесот – над 60 писмени извештаи од извршените обдукции на настраданите во пожарот во „Пулс“.

Деталите од наодите на судска медицина откриваат морничава слика за последните моменти на жртвите, од кои голем дел биле на возраст од 16 до 25 години.

Извештаите недвосмислено потврдуваат дека смртта кај сите настапила насилно.

​Смртоносниот чад: Над 50 лица починале од јаглерод моноксид ​Читањето на наодите потврди дека најголемиот број од жртвите не починале од самиот оган, туку од густиот и отровен чад кој брзо го исполнил просторот.

Обдукциите покажуваат дека кај повеќе од 50 лица, причина за насилната смрт е труење (интоксикација) со јаглерод моноксид.

​Дел од обдукциските наоди сведочат за хаосот, паниката и стампедото кое настанало при обидот да се избега од пламените јазици.

Кај четири од жртвите, експертите по судска медицина констатирале насилна смрт предизвикана од компресија, односно силен притисок на градниот кош, што укажува дека биле згмечени во толпата.

​Дополнително, кај дел од починатите, како Тоше Тодоровски (36), Адријан Живков (24) и Александар Алексов (38), како причина за смртта е наведен апсолутен недостаток на воздух и кислород во околната средина.

​Термички изгореници и жртви кои починаа подоцна ​Освен задушувањата, дел од извештаите сведочат за директното влијание на екстремно високите температури.

Кај 30-годишниот Ѓорѓи Величков е констатирано термичко оштетување на горните дишни патишта.

Извор: 24 инфо.мк

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Приведувања во Виница и Кочани: закани под дејство на алкохол и возење без дозвола

На 27.04.2026 во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го приведоа Ј.К.(34) од Виница, постапувајќи по претходна пријава дека агресивно се однесувал и се заканувал на соседот Е.А.(34) од Виница. При преземање мерки било констатирано дека Ј.К. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,57 промили алкохол во крвта. Во врска со истиот

Премиерата на „Пипи долгиот чорап“ ја наполни салата нa „Бели мугри“

Во Кочани синоќа се одигра премиерата на претставата за деца „Пипи долгиот чорап“, сопствена продукција на НУ ЦК „ Бели мугри“ во Кочани. Станува збор за драматизирана приказна за најхраброто девојче, кое живее по свои правила, во режија на Сања Гацовска. Претставата е работена според истоимениот роман од шведската писателка, Астрид Линдгрен. Големата сала ЦК

Отворен ден во Академијата „Прогресив на Винчини“ со идните средношколци

Во „Прогресив Академијата“ на „Макпрогрес Винчини“ денеска се одржа отворен ден за учениците од основното образование при што беше претставено гимназиското и стручно образование од СОУ „Ванчо Прке“ – Виница. Во врска со настанот, разговаравме со директорот на фондацијата, Александра Кирилова. Убав пример како завршната генерација основци може да размислува за понатамошното образоваие, како би