Во Цепенков концерт од проектот „Мевлем“

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во фоајето на ЦК „Mарко Цепенков“ на 27 април 2026, понеделник, од 19.30 часот ќе се одржи концертот „Мевлем“.  Концертот е со поддршка на Министерството за култура и туризам.

Влезот е слободен! 

Проектот „Мевлем“ e уникатен спој на авторска музика и поезија од композиторот и поет Марко Виденовиќ, кој наиде на извонреден прием и сериозен одек меѓу публиката и културната јавност, како во земјава така и надвор од неа. Со секој од досега реализираните концерти, „Мевлем“ не само што ја потврдува својата уметничка автентичност, туку и се етаблира како проект со исклучителен емотивен и социјален капацитет. Неговата досегашна реализација покажа дека публиката, без оглед на културниот контекст, препознава искреност, длабочина и убавина.

Музичкиот состав кој учествува во „Мевлем“ е составен од музичарите: Памела Велкова – виолина, Верица Ајтовска – виола, Енис Аљи – виолончело, и самиот автор Марко Виденовиќ – пијано и глас. Во програмата, се вбројуваат композиции кои се специјално создадени за проектот „Мевлем“ кои претставуваат иновативен пристап кон камерната музика и современата поезија. Меѓу композициите се: „Прегратки“, „Чекорејќи низ небото“, „Рингишпил“, „Лечебна“, „Понекогаш на тебе помислувам“, „Коприва“, „Што се случи со љубовта“, „Вечност“, „Бескрајна песна“, „Мевлем“, „Мигови“, „Вечно дете“, „Копнеж“ и „Убав човек“, како и композициите „Матанго“, „Ја излези“ и „Old bazaar“ кои се наменети за триото виолина, виола и виолончело.
Преку искрена емоција, суптилен аранжман и внимателно избрани зборови, проектот отворa простор за внатрешно доживување и лично препознавање кај секој присутен.
Проектот „Мевлем“ ја потврдува својата вредност и значење на повисоко институционално ниво.

„Мевлем“ е повеќе од концерт – тој е уметничка исповед, место каде поетскиот збор не се чита туку се чувствува, каде што музиката не се слуша туку се доживува. Создаден од композиторот и поет Марко Виденовиќ, овој проект е интимен дијалог помеѓу музиката  и зборот, меѓу солистите и тишината, меѓу публиката и нејзините најдлабоки емоции. Композициите, инспирирани од лична и колективна болка, љубов, надеж и тишина, се изведуваат од музичари кои со секој тон ја раскажуваат таа внатрешна вистина. Влијанието што овој проект го има врз публиката е од оние ретки, длабоки уметнички впечатоци што долго остануваат со човекот.

„Мевлем“ во својата суштина има потреба – да се понуди лековитост преку уметноста, да се овозможи допир со нешто исконско, нешто што ги надминува жанровите и формите. Целта никогаш не беше само да се приреди концерт, туку да се отвори простор за уметнички дијалог, за разбирање и заедништво. Резултатите од тоа не се само мерливи преку број на публика, аплаузи или медиумски интерес – туку преку тишината меѓу две композиции, преку солзите по последниот акорд, преку луѓето што приоѓаат по концертот не за да честитаат, туку за да споделат своја приказна. А токму тоа, всушност,  е и крајната цел.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Во сообраќајна незгода загина 32 годишен крушевчанец на регионалниот пат Прилеп – Крушево

На 26.04.2026, во 21:06 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека регионалниот пат Прилеп – Крушево, во с.Врбјани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ланд ровер“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.Џ.(28) од Прилеп и патничко возило „опел вектра“ со крушевски регистарски ознаки, управувано од Н.З.(32) од Крушево,...

Со целовечерен концерт, танцовото студио „Зодијак“ го одбележува 27-от роденден

Танц студиото ЗОДИЈАК во ЦК „Марко Цепенков“ со целовечерен концерт во големата сала на 29.04.2026 год./ среда/ во 20 часот ќе го одбележи 27 – от роденден од своето постоење, и ќе даде свој придонес во одбележувањето на интернационалниот ден на танцот 29 април. -Со танцов перформанс на сите учесници...

В четврток, од 9 до 15 часот, планирани прекини на електрична енергија

ПЛАНИРАНИ ПРЕКИНИ на ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА на 30.04.2026год. идниот (четврток) од 09.00 ч. до 15.00 часот во следните населени места во Општина Прилеп : с. Кадино село, Дабница, Маркова чешма, Асфалтна базa, Мермерен комбинат – ,,Ларин”.