Со целовечерен концерт, танцовото студио „Зодијак“ го одбележува 27-от роденден

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Танц студиото ЗОДИЈАК во ЦК „Марко Цепенков“ со целовечерен концерт во големата сала на 29.04.2026 год./ среда/ во 20 часот ќе го одбележи 27 – от роденден од своето постоење, и ќе даде свој придонес во одбележувањето на интернационалниот ден на танцот 29 април.

-Со танцов перформанс на сите учесници од најразлична возраст ќе се претстави студиото, а воедно ќе бидат прочитани и итернационалната порака за оваа година која ја напиша канадската кореографка Кристал Пајт, како и македонската порака напишана од првенецот балерина и истакнат солист при МНТ Зоица Пуровска Велевска. Режијата е на Кире Миладиноски. Како кореографи заеднички се потпишуваат Кире Миладиноски, Бисера Гаралоска и Марта Шаркоска,“ велат од „Зодијак“.

Играат: Софија Иваноска, Љубица Ангелеска, Лана Спиркоска, Милана Здравеска, Јована Ангелеска, Јана Чучуроска, Сара Камческа, Сара Иваноска, Исидора Митревска, Анисија Тренеска, Марија Стојаноски, Бисера Тренкоска, Неа Попоска, Марта Шаркоска и Бисера Гаралоска.

Дизајнот за промотивниот материјал и видео монтажата е на Петар Јошески, додека автор на промо видео спотот е од Љупчо Атанасоски.

Влезот е слободен, но заради протокол и безбедност на сите во салата ќе се сместуваат само лицата со влезници до ислопнување на капацитетот. Услугата е прв дојден прв услужен. Влезници ќе можат да се подигнат три часа пред почеток на настанот од блетарницата на ЦК „Марко Цепенков“.

Настанот кој што ќе биде празник за очи, е поддржан од Општина Прилеп.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Во сообраќајна незгода загина 32 годишен крушевчанец на регионалниот пат Прилеп – Крушево

На 26.04.2026, во 21:06 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека регионалниот пат Прилеп – Крушево, во с.Врбјани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ланд ровер“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.Џ.(28) од Прилеп и патничко возило „опел вектра“ со крушевски регистарски ознаки, управувано од Н.З.(32) од Крушево,...

В четврток, од 9 до 15 часот, планирани прекини на електрична енергија

ПЛАНИРАНИ ПРЕКИНИ на ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА на 30.04.2026год. идниот (четврток) од 09.00 ч. до 15.00 часот во следните населени места во Општина Прилеп : с. Кадино село, Дабница, Маркова чешма, Асфалтна базa, Мермерен комбинат – ,,Ларин”.

Во Цепенков концерт од проектот „Мевлем“

Во фоајето на ЦК „Mарко Цепенков“ на 27 април 2026, понеделник, од 19.30 часот ќе се одржи концертот „Мевлем“.  Концертот е со поддршка на Министерството за култура и туризам. Влезот е слободен!  Проектот „Мевлем“ e уникатен спој на авторска музика и поезија од композиторот и поет Марко Виденовиќ, кој наиде на...