Во второто коло од одбојкарската лига на ветерани, во Тетово екипата на 11октомври се сретна со екипата на Струмица. Преку , богатото искуство, добро организирана игра, меѓусебна координираност и желба за победа, прилепчани ја осигураа победата со 2:0 во сетови (25:18, 25:15).
Со оваа победа прилепските одбојкарски ветерани имаат две победи (од два одиграни натпревари) и се на самиот врв на табелата од официјалната одбојкарска македонска лига за ветерани.
На денешниот натпревар за екипата на 11-ти Октомври играа: Жарко Илиески, Теодор Ангелески, Димитар Стрезоски, Мартин Наумоски, Илија Милошевски, Александар Савиноски, Гоце Бурнески и Атанас Николоски.
Во третото коло екипа на-11ти Октомври е слободна, а во четвртото коло момците – ветерани играат против фаворитот во лигата, екипа на Шкендија.









