На 24.04.2026 во Кочани, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода К.А.(37) од Кочани. При претреси, по претходно добиена судска наредба, во местото на престојување на К.А., како и во негов деловен објект во Кочани, пронајдени се грутчеста материја, бела прашкаста материја, две дигитални ваги, марихуана и пари. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по чл.215 од КЗ.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









