Патриотскиот институти од Кочани и Чешиново-Облешево, заедно со ОК – ти на ВМРО – ДПМНЕ од двете општини денеска со достоинствен марш од манастирот “Св. Атанасиј Велики” во с. Спанчево до Свиланово, оддадоа почит кон делото и жртвата на Никола Карев – претседател на Крушевската Република.
Во присуство на голем број граѓани, членови и симпатизери, како и на пратеикот и генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, оние што маршираа испратија силна порака дека историјата не е само спомен – туку обврска.
Патот до Свиланово беше повеќе од марш, беше потсетник дека слободата и државноста се градат со жртва, но се чуваат со единство, сметаат учесниците на маршот..
На настанот се обрати градоначалникот на Чешиново-Облешево Јорданче Костадинов.
На 27 април 1905 година токму во Свиланово во битка со турската војска загина Никола Карев заедно со дваесетина соборци од неговата чета.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









