Саем на книгата 2026 – Литературен портрет на авторката Ленче Стоименова

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

На Саемот на книгата денеска беше претставен книжевен портрет на Ленче Стоименова, авторка од Кочани, најнаградувана жена афористичар во земјава, која има објавено петнаесетина книги од разни жанрови.

Стоименова (1958) пишува афоризми, сатирично-хумористични текстови, драми за деца и возрасни, поезија и проза, кратки текстови за скечеви и црта карикатури.

Соработувала со единствениот весник за хумор и сатира во Македонија „Остен“, објавува и во повеќе списанија за афоризам, учествува на многу фестивали за хумор и сатира и за своите трудови добила голем број домашни и меѓународни награди. Стоименова членува во Белградскиот афористички клуб (БАК) и е застапена во меѓународни антологии за афористичари.

Авторката изјави дека афоризми пишува многу одамна, на почетокот како хоби, но подоцна  ѝ стануваат творечка преокупација.

-Многу сум среќна што сум тука и што во оваа пригода не се претставува  една моја книга, туку целото мое творештво. Тоа е жанровски разновидно, но ако ме прашате што сум – пред сè сум афористичар. Денеска ќе допреме по малку од сè по нешто. Теми за афоризми има многу, од секојдневниот живот секогаш може да се извлече материјал за добар, па и одличен афоризам. Сепак, политиката, за жал, дава најмногу инспирација и тоа веќе навлегува во сатира, рече Стоименова.

Додаде дека среќно ги поминува пензионерските денови и оти денот ѝ е весел со афоризам и карикатура.

Пред публиката во промотивниот центар на Саемот на книгата за творештвото на Стоименова зборуваа промоторите Марина Гоцевска и Марјан Гијовски.

Текстот во оригинална форма е преземен од МИА. Фотографиите исто така се сопственост на МИА

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

АДИНГ – Компанија со 57 годишна традиција во градежништвото

АДИНГ –  македонска компанија за градежни материјали со 55 годишна традиција, побарајте ги во Градежен центар – КУЗЕ 2000 Кочани! Се на едно место од докажано најквалитетниот бренд на пазарот и тоа: – СТИРОКОЛ – најквалитетните лепила за стиропор – ХИДРОФАС и АДИНГФАС – најтрајните фасадни абриби – ХИДРОКОЛ –  најсилните лепила за керамика на

Во Прогресив Академијата на „Винчини“ денеска интерактивна работилница со д-р Белевска

Во просториите на Прогресив Академијата на „Винчини“ во Виница денеска  ќе се одржи работлиница на тема „Простор за болка, пат кон обнова“ во организација на „Ротари Феникс центарот“ на Ротари клубот „Кочани – Виница“. Работилницата има за цел да создаде безбеден и поддржувачки простор за психолошка рехабилитација по кризни и трауматски настани во заедницата. Под