Нашиот сограѓанин, прилепчанецот Филип Николоски, вечерва ја изненади својата многубројна публика, со неговата нова песна насловена „Срце ми е како ракија“.
Станува збор за композиција и аранжман на неговиот верен и долгогодишен соработник и поддржувач Рубин Димкоски, а текстот е коавторство на Димкоски и Николоски.
Николоски со својот моќен вокал, но и со своите харизма и насмевка е омилен меѓу сограѓаните, но по настапите на концертот на групата „Меморија“ и настапот на „Златна бубамара на популарноста“ веќе ја освои и македонската јавност.
Чест и сакан музички гостин е на различни свечености на кои публиката ужива во интрепретација на неговите песни, но и на добро познати македонски и српски хитови. Дали „Срце ми е како ракија“, ќе ја надмине популарноста на „Само на добро нека е“, останува да видиме.









