Даниела Перканоска од Авто Контрол меѓу најуспешните 30 жени менаџерки во Македонија

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Прилепчанката Даниела Перканоска менаџер на Авто Контрол Станица за технички преглед е  меѓу 30 најуспешните жени менаџерки во Македонија во изборот на Агенцијата Марили. На свечена манифестација што ќе се одржи во Скопје, утре, 23 април, агенцијата по јубилеен 30-ти пат ќе ги додели признанијата на најуспешните жени менаџерки од земјава како сублимат од досегашните годишни избори на најдобрите жени менаџерки изминативе години.

Даниела Перканоска  пред четири години во 2022 година го доби признанието на годинашната манифестација „Избор на најуспешни жени менаџери“ од агенција „Марили“. Годинешното признание има уште поголема тежина бидејќи е јубилејно и претставува уште поголем поттик за успех на избраните менаџерки. Перканоска како генерален менаџер на Авто Контрол Прилеп со нејзиниот континуиран успех во водење и развивање на компанијата е една од ретките менаџерки што ќе се закити со ова престижно признание, а работи надвор од главниот град.

Јубилејното издание на „Избор на најуспешни жени менаџери 2026“ ќе обедини бизнис-лидерки од различни сектори, кои со својата работа оставиле значаен белег во македонската економија. Годинава ќе бидат наградени 30 менаџерки, избрани врз основа на строги критериуми, меѓу кои најмалку десетгодишно успешно управување во приватниот сектор, континуирани деловни резултати и препораки од деловни партнери.

– На јубилејната манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери 2026“ ќе бидат наградени 30 жени менаџери за долгогодишно, континуирано, успешно менаџирање и траен придонес кон македонската економија. Лауреатките се избрани по неколку критериуми, меѓу кои успешно менаџирање најмалку 10 години во приватен сектор, успешна компанија во континуитет од целата држава и од разни дејности и сектори. Сите менаџерки се препорачани од нивните деловни колеги и партнери за нивното извонредно менаџирање и професионалност – информира „Марили“.

Наградата што ќе ја добијат лауреатките е статуетката „Жена водилка“, авторско дело на штипјанецот Никола Смилков.

Меѓу годинашните лауреатки се менаџерки од финансискиот сектор, здравството, индустријата, услугите и претприемништвото, што ја потврдува разновидноста и силата на женското лидерство во земјава.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Осуденик од прилепскиот затвор измамен за 890 000 ден. дека ќе му ја намалат казната

Осуденик кој издржувал казна затвор во прилепската Kазнено-поправната установа Затвор вчера во ОВР Прилеп пријавил дека бил прелажан дека за 890.000 денари ќе му ја намалат затворската казна.

Витаминка 70 години раскажува низ AI-приказна што патува низ времето

Јубилејниот спот „Кој би помислил, од една пиперка... до цел свет на вкусови“ носи емотивно патување низ најпрепознатливите вкусови и моменти од историјата на брендот и производите што оставија трага кај многу генерации. По повод својот 70-годишен јубилеј, Витаминка ја претстави рекламата „Кој би помислил, од една пиперка… до цел...

Владатa донесе одлуки за ограничување на маржите на вештачките ѓубрива

Ограничена маржа на цената на ѓубривата за заштита на домашното земјоделско производство Владата на Република Македонија, на иницијатива на Министерството за економија и труд и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе повеќе одлуки со кои ги ублажуваме последиците предизвикани од конфликтот во Иран, информира преку својата ФБ старница, заменик...