Според новата пресметка на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, односно од 00:01 часот, ќе важат нови пониски цени на горивата. Еуросупер БС-95 ќе се продава по 82 денари за литар, додека Еуросупер БС-98 ќе чини 84 денари за литар. Цената на Еуродизелот ќе изнесува 95,5 денари за литар, а екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава по 96,5 денари за литар. Цената на мазутот е утврдена на 49,227 денари за килограм.
Со новата одлука, бензините поевтинуваат за 1,5 денар по литар, дизелот за 2,5 денари, екстра лесното масло за 3,5 денари, додека мазутот се намалува за 2,084 денари по килограм.
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на светските пазари бележат пад кај сите деривати, при што најголемо намалување има кај мазутот. Дополнително, курсот на денарот во однос на доларот бележи благо намалување, што исто така влијае врз конечната пресметка.
Регулаторот нагласува дека станува збор за максимално дозволени цени, а трговците имаат можност да ги формираат и пониско.









