Овековечување на делото на Ѓорѓи Ачески-Аче, промоција на монографија и Камерна галерија „Аче“

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

НУ Завод и Музеј Прилеп со свечена програма ќе го одбележат животот и делото на еден од највпечатливите хроничари на нашето поднебје Ѓорѓи Ачески – Аче, в среда на 8 ми април, во  „Бабанеделино“ училиште – Камерна галерија „Аче“, Прилеп.

Вечерта ќе биде посветена на зачувувањето на колективната меморија неколку настани. Ќе биде промовирана монографијата „Еден музеј на една архитектура“ – дело кое низ цртежи, записи и сеќавања ја документира „сиромашно убавата“ македонска архитектура. ️ Воедно, ќе биде отворен нов културен простор во Прилеп – Камерна галерија „Аче“ – .  Вечерта присутните ќе проследат дигитална презентација – Аче последниот боем со цртежи во сопственост на МАНУ, Националната галерија и приватни колекции.

За ликот на Аче, за боемскиот Прилеп и за „’ркулците“ на македонската ликовна уметност ќе говорат:  Мимоза Христоска (директорка на НУ Завод и музеј – Прилеп)  Елизабета Иваноска (кустос)  Александар Еленин (претставник на списанието „Стремеж“)  Кирил Гегоски (уметник и пријател на Аче)

Модератор на настанот: П. Зареска, виш кустос.

Вечерта посветена на Ѓорѓи Ачески – Аче несомнено ќе биде заедничка прошетка низ калдрмисаните улички на минатото и да му оддадеме почит на последниот прилепски боем кој со блок во рака ја овековечи нашата историја. ️️

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Отворен напланиот центар во Точила на Комуналец и Водовод

По барање на жителите на една од најголемите населби “Точила“, повторно е отворен наплатниот центар на двете ЈКП, Комуналец и Водовод и Канализација, кој беше неколку години вон функција. Со наплатниот центар ќе се овозможи поефикасна наплата, зашто жителите од оваа населба повеќе не ќе мораат наплатата да ја вршат...

Билетите за „Чернодрински“ онлајн достапни од 28 мај, на касата – од 1 јуни

Десет дена пред почетокот на 60. јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, поради големиот интерес за фестивалот, дел од билетите ќе бидат пуштени во онлајн-продажба в четврток (28 мај) од 10 часот преку системот karti.com.mk. Физичката продажба на билетите на билетарницата на Центарот за култура во...

(ВИДЕО)Премиерa на „Девојките на Марко“ од театарот „Војдан Чернодрински“ во Цепенков

Премиерата на претставата „Девојките на Марко“, работена според култниот текст „Боинг Боинг“ на Марк Камолети, во режија на Синиша Евтимов, во продукција на Театар „Војдан Чернодрински“ ќе се одржи утревечер (среда) од 20 часот на големата сцена во ЦК „Марко Цепенков“. Ова е  втора премиера на театарот за годинава, поддржана...