(ВИДЕО)Ден на тутунските работници: треба правична, транспарентна и одржлива рамка за тутунопроизводството

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Организацијата која повеќе децении беше легитимен претставник на тутунопроизводителите – Сојузот на здруженија на тутунопроизводители денеска со собир на претставниците од 15 те здруженија членки на Сојузот, го одбележа Денот на тутунските работници – 4 ти април во Прилеп.  Сојузот на здруженија на тутунопроизводители на Република Македонија постои од 1953 година.

„Тутунот е гаранција за опстанок и социјален производ за живот на населението“, посочуваат претставниците на тутунопроизводителите од различни региони на Македонија. 

„Почетоците на оваа култура во Република Македонија се бележат уште од 1873. година, кога во Прилеп за прв пат е отворен магацин за откуп на тутун. Фактички тоа се почетоците на производство за откуп и преработка и производство на тутун. Имено уште од тогаш се бележат некаде дека во Прилепско околу 20 000 семејства се занимаваат со оваа култура. Оваа култура представува основен производ за живот на најсиромашниот дел од населението од Македонија. Производство било сконцентрирано во повеќе региони во Македонија и тоа во струмичкиот дел, во радовишкиот, во прилепско, во скопско-кумановско. И во најдобрите години со производство на тутун се занимавале околу 120 000 производители на тутун на од прилика на 38 до 40 000 хектари површина. Ние како претставници на тутунарите, како Сојуз на здруженија на тутунопроизводители постоиме од 1953 година.Секој пат сме ги бранеле интересите на тутунарите, секој пат сме се залагале за едно сигурно производство, секој пат сме се залагале тутунот да биде стратешки производ и државата да води сметка за ова производство, од која живеат повеќе од 30 000 семејства во оваа држава. Затоа што тутунот сеуште е производ број 1 на овие простори и треба да остане како таков, вели Илија Тотески, претставник од Крушево.

На средбата беше истакнато дека тутунопроизводството треба да го стимулира и да ја гарантира неговата иднина државата. Климатските и почвените услови одговараат за тутунопроизводство на ароматичен тутун кој што според квалитетот се споредувал со оној од Куба:

„Ако и понатаму не се води доволно сметка низ призмата на стимулативни цени, ова производство ќе опаѓа, затоа што младите се помалку се заинтересирани за производство на оваа култура, моментно останат да го произведуваат највозрасната категорија на луѓе заедно со младите под 18 години. Затоа, многу е битно државата да води посебна сметка за стимулација на ова производство, а и компаните да водат сметка, затоа што ова производно подрачје, овој регион, е исклучително од Бога даруван за производство на ароматични тутуни. Македонија по производство на ароматични тутуни е на прво место во светот. На прво место е по производство на тутуни и не случајно, запаметете, стручняци, Македонија во производството на ароматични тутуни ја споредувале со производството на тутуни во Куба, а Куба е позната држава по квалитетни тутуни. Затоа ние како Македонија, како производители на тутун, оваа култура ќе ја браниме да се одржи, затоа што во било какви други услови, потешки услови, тутунот е гаранција за опстанок и социјален производ за живот на ова население које живее на овие простори, рече Тотески.

Од средбата на Сојузот на здруженија на тутунопроизводители по повод Денот на тутунските работници 4 април беше испратено соопштение за јавност:

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Отворен напланиот центар во Точила на Комуналец и Водовод

По барање на жителите на една од најголемите населби “Точила“, повторно е отворен наплатниот центар на двете ЈКП, Комуналец и Водовод и Канализација, кој беше неколку години вон функција. Со наплатниот центар ќе се овозможи поефикасна наплата, зашто жителите од оваа населба повеќе не ќе мораат наплатата да ја вршат...

Билетите за „Чернодрински“ онлајн достапни од 28 мај, на касата – од 1 јуни

Десет дена пред почетокот на 60. јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, поради големиот интерес за фестивалот, дел од билетите ќе бидат пуштени во онлајн-продажба в четврток (28 мај) од 10 часот преку системот karti.com.mk. Физичката продажба на билетите на билетарницата на Центарот за култура во...

(ВИДЕО)Премиерa на „Девојките на Марко“ од театарот „Војдан Чернодрински“ во Цепенков

Премиерата на претставата „Девојките на Марко“, работена според култниот текст „Боинг Боинг“ на Марк Камолети, во режија на Синиша Евтимов, во продукција на Театар „Војдан Чернодрински“ ќе се одржи утревечер (среда) од 20 часот на големата сцена во ЦК „Марко Цепенков“. Ова е  втора премиера на театарот за годинава, поддржана...