Од билтенот на СВР Битола за подрачјето на Прилеп – полицијата приведе тројца под сомнение за продажба и поседување на дрога:
На 02.04.2026 во 23:45 часот на ул.„Браќа Миладиновци“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишија од слобода А.М.(23) и Д.П.(20), двајцата од Прилеп. Имено, при преземање на службени дејствија од страна на полициски службеници било сопрено патничко возило „тојота“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.М. и сопатник Д.П., при што кај А.М. била пронајдена дигитална вага со траги од прашкаста материја . По документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.
На 01.04.2026 во 17:30 часот на ул. „Ладо Лапецот“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ја лишиja од слобода 29-годишната С.Б. од Прилеп затоа што при преглед во нејзиното возило „нисан” била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.









