Вечерва премиера на претставата „Саатот“

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Новата претстава „Саатот“ од Лидија Митоска-Ѓорѓиовска, во режија на Кристина Димитрова,  театарот „Војдан Чернодрински“ премиерно ќе ја изведе вечерва од 20 часот на Сцена 105 во ЦК „Марко Цепенков“. Тоа е прва премиера за 2026 година поддржана од Министерството за култура и туризам, а планирани се уште четири премиери со поддршка на ресорното министерство.

„Претставата се подготвуваше  во простор кој овозможува поинтимен и пофокусиран пристап. И благодарам на екипата за вложениот труд. Пред публиката ќе донесеме современа и интимна театарска претстава, која ќе ги натера гледачите да размислуваат за времето,  за животот, за промените – рече Марија Јованоска, директорка на ЦК „Марко Цепенков“.

Текстот е праизведба и значи поддршка на македонските автори, посочи Михајло Миленкоски, раководител на театарот „Војдан Чернодрински“ на прес конференцијата.

– Горд сум што текстот е праизведба. Како театар и ансамбл, а и сите театри треба да ги поддржуваат македонски автори, да се ставаат на репертоарите, бидејќи тоа е дел од нашата култура, нашиот идентитет – рече Миленкоски, соопштувајќи ја екипата што е дел од претставата.

„Саатот“ е претстава за судирот меѓу објективното и субјективното време кои ретко се синхронизирани, но и за повторливоста наспроти минливоста – две спротивности од кои колку и да бегаме, секогаш, без исклучок, нѐ наоѓаат.

–  Без македонска драма нема македонски тетаар. Не само една туку повеќе драми од македонски автори треба да поставуваат театрите. Конечно имав шанса да поставам македонски современ текст, напишан 2020 година. Интересен, бидејќи се работи за млад брачен пар, кој е долго заедно, а живеат во различно време. Многу беше интересно да се работи на тема време и на други поттеми љубов, осаменост… -рече режисерката Димитрова.

Авторката на текстот Лидија Митоска Ѓорѓиовска, која воедно е и драматург, посочи дека е многу среќна што се постави текстот на сцената и дека е горда што екипата во „Саатот„ го задржала секој збор.

Сценографијата и костимите се на Благој Мицевски, додека за музиката беа задолжени Филип Јездиќ и Томе Темелкоски. Во претставата играа Филип Јездиќ како Саатот, Димитар Ѓорѓиовски (Јован) и Наташа Ачански (Вера) со вокалната придружба на Ана Митоска.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Финансиската поддршка за тутунопроизводството е иста, наскоро исплата на субвенциите за реколта 2025 та

Критериумите остануваат исти за добивање на субвенции за тутунопроизводство според мерките предвидени од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството. Евидентирањето на земјоделските парцели во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС) и Системот за идентификација на земјоделските парцели (СИЗП) е доколку земјоделците планираат да се пријават за финансиска поддршка за обработка...

(ВИДЕО) Социјалните претпријатија се новата енергија на руралниот развој

Социјалното претприемништво не е нова форма кај нас како бизнис модел во чија што основа се решавање на општествените, еколошките и економските предизвици. Има успешни примери кои опстојуваат во Македонија, иако системското решение – легислатива која ќе ги дефинира формата, начинот на функционирање и организирање на овие социјални претпријатија сеуште...

Петок неколку часа без струја ќе останат повеќе улици и комплексот фотонапонски централи во Прилеп

Десетина улици и комплексот, фотонапонскси централи , в петок,  неколку часа до пладне, ќе останат без електрична енергија, информираат од ЦУК – Прилеп. ПЛАНИРАНИ ПРЕКИНИ на ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА на 03.04.2026 год. (Петок) од 09.00 ч. до 12.00 часот ќе има на следните улици во Општина Прилеп : ,,Борка Талески” ,...