Расчистени дилемите-ова се критериумите за субвенции во тутунопроизводството

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Деновиве на социјалните мрежи се шират разни објави кои поттикнуваат повеќе прашања кај тутунопроизводителите во врска со исполнувањето на критериуми за стекнување со правото за добивање на субвенции. Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој преку соопштение – објаснување на критериумите ги расчисти дилемите во врска со двете мерки кои се однесуваат на тутунопроизводство.

ОБЈАСНУВАЊЕ НА КРИТЕРИУМИТЕ:

Во Програмата и Уредбата за директни плаќања за 2026 година утврдени се две мерки за поддршка на производството на тутун и тоа:

1.Подмерка 1.1. „Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за поледелски култури“ каде што за корисници се утврдени земјоделски стопанства кои во 2026 година имаат засадено површини под тутун и оствареното производство го имаат договорено и предадено на регистрирани откупувачи на тутун. Плаќањата се по површина и изнесуваат 6.000 денари по хектар. За оваа подмерка задолжително е евидентирање на површините во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС) и Системот за идентификација на земјоделските парцели (СИЗП). Исплата не се врши по оваа подмерка за парцелите кои не се евидентирани во овие системи.

2.Подмерка 3.1. „Директни плаќања за договорен и продаден ориентален ароматичен необработен тутун од реколта 2025 година“  каде што за корисници се утврдени земјоделски стопанства кои своето производство на тутун од реколта 2025 година го договориле и продале согласно закон во регистрирани откупувачи на тутун. Плаќањата се по количина и изнесуваат од 60 до 80 денари по килограм во зависност од класата на тутунот. Исплата се врши за количините кои се внесени во електронскиот систем од страна на откупувачите. Исплатата по оваа подмерка не е условена со исплата по подмерката 1.1. што практично би значело дека за исплата на  субвенциите по количина НЕ е услов барателот да поднел барање за мерката по површина, стои во соопштението од Платежната агенција.

Агенцијата и понатаму ќе ги следи реакциите на земјоделците и ќе објавува објаснувања кога ќе биде потребно.

За сите информации во врска со доделување на финансиската поддршка во земјоделството и руралниот развој следете ја веб страната на Агенцијата: http://www.iprdpa.gov.mk

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Отворен напланиот центар во Точила на Комуналец и Водовод

По барање на жителите на една од најголемите населби “Точила“, повторно е отворен наплатниот центар на двете ЈКП, Комуналец и Водовод и Канализација, кој беше неколку години вон функција. Со наплатниот центар ќе се овозможи поефикасна наплата, зашто жителите од оваа населба повеќе не ќе мораат наплатата да ја вршат...

Билетите за „Чернодрински“ онлајн достапни од 28 мај, на касата – од 1 јуни

Десет дена пред почетокот на 60. јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, поради големиот интерес за фестивалот, дел од билетите ќе бидат пуштени во онлајн-продажба в четврток (28 мај) од 10 часот преку системот karti.com.mk. Физичката продажба на билетите на билетарницата на Центарот за култура во...

(ВИДЕО)Премиерa на „Девојките на Марко“ од театарот „Војдан Чернодрински“ во Цепенков

Премиерата на претставата „Девојките на Марко“, работена според култниот текст „Боинг Боинг“ на Марк Камолети, во режија на Синиша Евтимов, во продукција на Театар „Војдан Чернодрински“ ќе се одржи утревечер (среда) од 20 часот на големата сцена во ЦК „Марко Цепенков“. Ова е  втора премиера на театарот за годинава, поддржана...