Се’ има граница – колку да чистат по нас не може да ги дочистат купиштата отпад (околу оградниот sид на старите гробишта)

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Купишта околу оградниот sид на старите градски гробишта собраа екипите  ЈКП “Комуналец“ со апел и молба „отпадот од домаќинствата да не се исфрла околу оградниот sид на Старите градски гробишта! Ооваа појава никако да прекине“, пишуваат во објавија на својата ФБ страна и  револтирани што исфрлениот отпад 90% е комунален отпад, кој се собира од домаќинствата , преку редовната линија или со дополнителна услуга од страна на ,,Комуналец”.
Денеска комуналните служби повторно ги исчистија неколкуте диви и натрупани депонии околу оградниот sид на гробиштата. Купишта отпад од несовесни граѓани  исфрлан на овој простор, не засега сите нас.,велат комуналците. Купишта отпад, исфрлени од несовесни граѓани, се натрупуваат на просторот кој треба да биде симбол на почит и достоинство  Наместо тишина и спокој, посетителите се соочуваат со пластика, шут и разни остатоци што грубо ја нарушуваат светоста на ова место.

„Христијански , а пред се човечки е да се трпиме, но се има своја граница. Ни претстојат православните празници,  Цветници,Велигден, да бидеме одговрни, совесни и човечни  и да го чуваме овој простор кој е вечно почивалиште на луѓе кои му значат на семјствата во Прилеп,  простор кој треба да служи за почит, а треба да биде  чист и уреден а валкан и со депонија околу. И, трпението има лимит!„ пишуваат од ЈКП „Комуналец“

Гробиштата не се само простор од нашите најмили кои почиваат таму, туку и огледало на културата и совеста на живите. Секој фрлен отпад е навреда за заедничката меморија и опомена дека ја губиме човечноста. Локалните власти апелираат за поголема одговорност и свест кај граѓаните. „Гробиштата засегаат сите нас , затоа што тоа е место на сеќавање, а не депонија,“ стои во  реакцијата.
Ова говори дека навистина е потребна итна промена на навиките и поголема грижа за јавниот простор.  Само така ќе покажеме дека знаеме да ја чуваме тишината и достоинството на оние што веќе не се меѓу нас.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Отворен напланиот центар во Точила на Комуналец и Водовод

По барање на жителите на една од најголемите населби “Точила“, повторно е отворен наплатниот центар на двете ЈКП, Комуналец и Водовод и Канализација, кој беше неколку години вон функција. Со наплатниот центар ќе се овозможи поефикасна наплата, зашто жителите од оваа населба повеќе не ќе мораат наплатата да ја вршат...

Билетите за „Чернодрински“ онлајн достапни од 28 мај, на касата – од 1 јуни

Десет дена пред почетокот на 60. јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, поради големиот интерес за фестивалот, дел од билетите ќе бидат пуштени во онлајн-продажба в четврток (28 мај) од 10 часот преку системот karti.com.mk. Физичката продажба на билетите на билетарницата на Центарот за култура во...

(ВИДЕО)Премиерa на „Девојките на Марко“ од театарот „Војдан Чернодрински“ во Цепенков

Премиерата на претставата „Девојките на Марко“, работена според култниот текст „Боинг Боинг“ на Марк Камолети, во режија на Синиша Евтимов, во продукција на Театар „Војдан Чернодрински“ ќе се одржи утревечер (среда) од 20 часот на големата сцена во ЦК „Марко Цепенков“. Ова е  втора премиера на театарот за годинава, поддржана...