(ВИДЕО)Филигрански записи од Прилеп – спој на природно наследство, традиција, култура и занаетчиство

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Елегантно, трпеливо, со многу љубов, инспирирани од традицијата, од природата, од богатството кое тлее во нас пренесувано со генерации од нашите мајки и баби тие создаваат нова историја,  вредности кои ги спојуваат природното богатство и традиционалните вредности во нови – уникатни приказни! Тие, дваесетина млади луѓе од кои десет ученици во СОУ „Орде Чопела“ Прилеп, а десет се невработени девојки, во создавање на такви нови вредности спознале инспирација за ново хоби или професија. Тие создаваат ФИЛИГРАНИ, уметнички креации во кои се вткаени приказните од нашето културно наследство, а во основа го имаат уникатниот и единствен од таков вид во светот Македонскиот рубин – редок минерал, драгоцен камен со нежна розева боја по кој е препознатлив Прилеп во светот.

 

Градот на мермерот, на тутунот, на традицијата – Прилеп сам по себе е инспирација за создавање дела што во себе вклучуваат некои од овие симболи, но интересно е кога тие ќе се испреплетат за да креираат нешто ново, убаво и корисно од рацете на младите луѓе. Токму ова била главната инспирација за иницијативата предводена од Здружението МРК Дијалог, во која се спроведуваат обуките за филигран, а планирани се обуки за камено ѕидарство и за домашни минијатурни градини. Инспирирани од прилепското природно и културно наследство ова здружение реализира неколку проекти, вели Јасмина Бошевска:

– Во 2018 година читам во медиумите дека излегло некое езеро во мермерите на Прилеп!  Тоа беше доволна инспирација за нас како здружение кое што работи во областите животна средина, култура и традиција, а особено за мене како автор на проекти – геологијата за мене е почетокот на светот и најголемата инспирација од каде што потекнуваат културата и традицијата. Веднаш се впуштив во истражувања и сметав дека тоа е нешто наше, ние, нас. Затоа што рубинот, корундот, многумина не знаат дека рубинот е „бебето“ на мермерот. Дека во утробата на мермерот постои тој корунд кој што при преработка понатаму станува јувелирски камен. Таа приказна ги спои геологијата, корундон, природно наследство, наше македонско природно, културно наследство. Тоа сме ние! Тоа е врвот на приказната!

Амбасадата на Република Словенија во Македонија и Министерството за надворешни и европски работи на Словенија ја дава поддршката за реализација на проектот “Вештини-клучот на зелената економија”. На една од обуките присуствуваше амбасадорот на Република Словенија во земјава Грегор Прескер, заедно со неговата сопруга која со внимание и почит го следеше текот на изработка филиграните во комбинација со македонскиот рубин.

„Вашата земја ни е партнер во развојна соработка, целта ни е да ја подобриме состојбата преку различни проекти кои ги правиме тука во областа на инфраструктурата и да зајакниме улогата на ранливите групи, на младите, на жените, да можат да придонесуваат на пазарот на трудот, да бидат повклучени и да придонесуваат преку учење на стари занаети, традиции со креативна индустрија како што гледаме тука, да може да се направи бизнис и да се покрене економијата. На таков начин да може Прилеп да се презентира во домашната економија, но и кај домашните и странските туристи. Претходно бевме во посета на рудникот на мермер и таму целта ни е да правиме од отпаден мермер мозаици, а со друга организација имаме проект за шиење, плетење, везење, траење каде со различни начини да има производи со мотиви од традицијата,“ рече амбасадорот Прескер. 

Општина Прилеп продолжува со поддршката на занаетчиството посочи и оваа прилика градоначалникот Дејан Проданоски, бидејќи вештините не се изгубени, напротив треба само поттик за тие да се возобноват.

Се надевам во иднина низ поддршки кои што ги планираме преку одлуки на Советот на Општина Прилеп и заедно со поддршката од нашите пријатели, организации би го вратиле на голема врата занаетчиството. И уште еден момент за кој што сметаме дека треба да даваме поддршка е сметам дека треба да ги понудиме природните богатства кои што ги имаме, а низ таа призма да добиеме некоја економска активност во градот – севкупен бенефит кој што сплотува повеќе аспекти за развој на Прилеп, рече градоначалникот Проданоски. 

Целта на проектот е поттикнување на вештините и развој на претприемништвото кај младите луѓе, обуките се за да можат со квалитетен производ да излезат на пазарот на трудот.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО) Социјалните претпријатија се новата енергија на руралниот развој

Социјалното претприемништво не е нова форма кај нас како бизнис модел во чија што основа се решавање на општествените, еколошките и економските предизвици. Има успешни примери кои опстојуваат во Македонија, иако системското решение – легислатива која ќе ги дефинира формата, начинот на функционирање и организирање на овие социјални претпријатија сеуште...

Петок неколку часа без струја ќе останат повеќе улици и комплексот фотонапонски централи во Прилеп

Десетина улици и комплексот, фотонапонскси централи , в петок,  неколку часа до пладне, ќе останат без електрична енергија, информираат од ЦУК – Прилеп. ПЛАНИРАНИ ПРЕКИНИ на ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА на 03.04.2026 год. (Петок) од 09.00 ч. до 12.00 часот ќе има на следните улици во Општина Прилеп : ,,Борка Талески” ,...

Расчистени дилемите-ова се критериумите за субвенции во тутунопроизводството

Деновиве на социјалните мрежи се шират разни објави кои поттикнуваат повеќе прашања кај тутунопроизводителите во врска со исполнувањето на критериуми за стекнување со правото за добивање на субвенции. Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој преку соопштение – објаснување на критериумите ги расчисти дилемите во врска со двете...