Природата се почитува и се сака ако ја запознаваме, се движиме и се грижиме за неа, a на таков начин се грижиме и за нашето здравје. Токму ова е причината што Планинарското Спортско Здружение „Козјак“ – Прилеп со поддршка на Општина Прилеп во соработка со основните и средните училишта организира голем планинарски настан на 5 април, в недела на кој што се поканети сите вљубеници во природата и во здравиот начин на живот.
„СИТЕ ВО ПРИРОДА“ е одлична можност учениците, наставниците и граѓаните заедно да излезат во природа, да се дружат, да пешачат и да ја почувствуваат убавината на планината. Настанот има за цел да ја поттикне љубовта кон природата, здравиот начин на живот и заедништвото помеѓу младите, посочуваат организаторите.
СОБИР: 08:00 – 08:30 часот
ПОЧЕТНА ТОЧКА: ООУ „Гоце Делчев“ – Прилеп
ПОДАТОЦИ ЗА ТУРАТА:
Рута: ООУ „Гоце Делчев“ – Топташ – карпа „Момата“ – манастир „Св. Димитрија“ (с. Селце) – Народен Театар „Војдан Чернодрински“
Должина на турата: 10 км
Тежина: лесна (погодна за сите возрасти)
Обезбеден е ручек (планинарско гравче) за сите учесници во манастирот „Св. Димитрија“ – с. Селце.
Подгответе ги ранците и доброто расположение – нè очекува ден исполнет со движење, дружење и позитивна енергија!
Контакт телефони за информации :
075 371 848 Христијан Секулоски
075 983 711 Михајло Топчиоски
075 258 754 Спасика Димкоска
071 226 870 Бранислав Попоски
076 507 035 Борче Мирчески
078 544 253 Кире Тошески









