Поскапува лебот во Прилеп и во неколку градови низ земјава. Во дел од пекарниците во Прилеп, Штип, Кочани и Битола се очекува повисока цена на одредени видови леб од утре, а некаде веќе имало корекции. Најавите се дека цените на белиот леб од 450 грама, во дел од пекарите ќе одат нагоре од 3 до 5 денари. Лебот кои чино 35 дрн, ќе се продава за 40 дeнари. Информациите стигнале и до Групацијата на мелничко – пекарската индустрија при Стопанската Комора, но од таму велат секоја пекара индивидуално одлучува за цените.
Како причина за поскапувањето на лебот се наведено покачување на цената на нафтените деривати.









