Локалната акциона група ЛАГ Агро Лидер во општините Крушево, Кривогаштани и Долнени спроведува иницијативи каде во центарот се жените, нивните ставови, барања, можности и капацитети. Акциите насловени како: „Цветен круг“, „Наместо цвеќе – права“ и „Жените прашуваат“ се нови модели на локално дејствување преку упатување на пораки, барања и здружување на жените од населените места Обршани-Воѓани, Дебреште и Бучин до локалните власти од трите општини.
Какви барања и потреби имаат жените од руралните средини, колку се свесни за нивната улога и капаците во локалните заедници и кои се начините тие гласови да вродат со решавање на конкретните предизвици?
Проектот насловен „Жените го преземаат водството во локалните заедници“ има за цел да ги даде одговорите на овие прашања, но можат ли навистина жените да го преземат водството во локалните рурални заедници каде царува машкиот збор?
Во време кога улогата на жените од руралните средини сè уште не е доволно видлива и поддржана, ЛАГ АГРО ЛИДЕР во рамки на проектот „Гласови од руралните заедници: Зајакнување на жените за локално застапување“ втора година реализира иницијативи кои имаат за цел да ја зајакнат женската економска, општествена и граѓанска позиција.
Со Даниела Цветаноска и Талија Петреска – добро познати на јавноста како граѓански активистки разговаравме токму на оваа тема во програмата Радио што се гледа:









