Театарска комедија „Сваќи“ и хуманитарен настан во мултифунционалната сала во Кривогаштани

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

На 29 март (недела), во салата во Кривогаштани, ќе се прикажува театарската претстава „Сваќи“ – урнебесна комедија во изведба на ученици од СОУ „Наум Наумовски-Борче“ Крушево.  Драмскиот текст за комедијата е од авторот Коста Хасану – КОКО создаден пред повеќе од триесет години, кој воедно и ја изведувал претставата. Денес, ова дело добива нов живот преку свежата и креативна режисерска поставка на професорката Надица Нане, заедно со младите и талентирани актерки од СОУ „Наум Наумовски-Борче“ Крушево.
Претставата „Сваќи“ нуди современ пристап кон традиционалниот хумор, збогатен со енергијата и ентузијазмот на новата генерација, ветувајќи вечер исполнета со смеа, позитивна атмосфера и вистинско уживање за сите генерации.
Во текот на вечерта ќе се продава и книгата „Ѕвездите светат бесконечно“, во издание на Книжевниот кружок „Васил Иљоски“, посветена на трагедијата во Кочани. Книгата ќе биде достапна по цена од 200 денари, а собраните средства ќе бидат наменети за хуманитарна помош на повредените.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Отворен напланиот центар во Точила на Комуналец и Водовод

По барање на жителите на една од најголемите населби “Точила“, повторно е отворен наплатниот центар на двете ЈКП, Комуналец и Водовод и Канализација, кој беше неколку години вон функција. Со наплатниот центар ќе се овозможи поефикасна наплата, зашто жителите од оваа населба повеќе не ќе мораат наплатата да ја вршат...

Билетите за „Чернодрински“ онлајн достапни од 28 мај, на касата – од 1 јуни

Десет дена пред почетокот на 60. јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, поради големиот интерес за фестивалот, дел од билетите ќе бидат пуштени во онлајн-продажба в четврток (28 мај) од 10 часот преку системот karti.com.mk. Физичката продажба на билетите на билетарницата на Центарот за култура во...

(ВИДЕО)Премиерa на „Девојките на Марко“ од театарот „Војдан Чернодрински“ во Цепенков

Премиерата на претставата „Девојките на Марко“, работена според култниот текст „Боинг Боинг“ на Марк Камолети, во режија на Синиша Евтимов, во продукција на Театар „Војдан Чернодрински“ ќе се одржи утревечер (среда) од 20 часот на големата сцена во ЦК „Марко Цепенков“. Ова е  втора премиера на театарот за годинава, поддржана...