(Видео интервју) За Прилеп со градоначалникот Дејан Проданоски – граѓаните прашуваа

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во програмата на Радио Пела, во живо, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски одговараше најмногу на прашања од граѓаните, кои пеку социјалните мрежи и дерекно во програмата на Радио Пела беа вклучени во дискусијата .

Градоначалникот на Прилеп одговараше на прашања за:

патната инфраструктура – градска и регионална
За комуналната хигиена и уредувањето на градот
За проблемот со кучињата скитници
за активносите кои се планираат за спортот и  ФК Победа
за мерките кои се преземаат за намалување на дивата сеча
за плановите за економско  раздвижување на градот …

Радио Пела : (1:50)  Би предложила да започнеме со она што е најактујално, бидејќи Прилеп заслужува да има голем развој, а пред се, она што е најзначајно за развој на еден град и на една општина (е добрата патна инфраструктура, односно градската патна инфраструктура, но и поврзувањето регионално?(2:08) Што е она што во моментов се случува на тој план и што би можеле (2:12) граѓаните да очекуваат до крајот на годината да земеме  временски период во тој дел?

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, во своето прво официјално гостување во студиото на Радио Пела како прв човек на општината, отворено говореше за приоритетите, тековните инфраструктурни зафати и плановите за развој на градот. Во директна комуникација со граѓаните, тој одговори на низа прашања поврзани со секојдневните предизвици на прилепчани.

Проданоски најави одлучна акција за воведување ред во сообраќајот. Веќе од наредната недела ќе започне процесот на отстранување на хаварисаните возила од јавните површини, а се планира и рушење на бесправно изградените гаражи во центарот на градот со цел ослободување простор за нови паркинг места.„Недозволиво е во централното градско подрачје да имаме вакви објекти кои заземаат простор наменет за сите граѓани“, истакна градоначалникот.

Во однос на клучните инфраструктурни проекти, беше нагласено дека изградбата на мостот „Табана“ е во завршна фаза и се очекува да биде готов во текот на летото. Проданоски информираше и за претстојните реконструкции на улиците „Орде Чопела“ и „Трајко Николовски“, како и за лобирањето пред Владата за забрзување на работите на регионалните патишта кон Градско и Битола. Исто така, општината работи на набавка на нови автобуси за зајакнување на јавниот градски превоз.

Една од најактуелните теми беше состојбата со ФК Победа. Градоначалникот најави „сериозен рестарт“ на клубот на здрави и законски основи. Планот предвидува формирање на нова структура која би започнала од третата лига, со цел враќање на довербата кај стопанствениците и инвеститорите, наместо постојано потпирање единствено на општинскиот буџет. Паралелно, се планираат и инвестиции и во училишниот спорт преку изградба на нови спортски сали во населените места Мало Коњари и Каналарци.

За подобрување на хигиената во градот, најавена е набавка на осум нови комунални возила, како и завршување на фабриката за секундарна селекција на отпад – прва од ваков вид на Балканот во сопственост на општина. Дополнително, предвидени се 9 милиони денари за целосно обновување на осветлувањето во Градот.

На крајот од разговорот, градоначалникот Проданоски упати апел до граѓаните за заедничка грижа за јавните површини и вети дека општината ќе продолжи да работи транспарентно и во интерес на сите жители. „Нема криење зад проблемите, туку соочување и нивно решавање на здрава основа“, заклучи тој

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

На нашиот сограѓанин Тони му е потребна помош во битката со болестите!

Нашиот сограѓанин, пријател, роднина, Тони Ангелески се бори со повеќе тешки срцеви и белодробни хронични болести за кои што е потребна набавка на редовна таблетарна терапија, контроли и соодветна медицинска грижа. Тони  е во тешка финансиска состојба и во неможност да ги набави лекарствата за кои се потребни најмалку 12...

(ВИДЕО) Прилеп го има „шампионот во бокс”

Прилеп и Македонија го имаат шампионот во бокс.Прилеп треба да се гордее со момчето кое ќе се соочи со својот најголем предизвик во својата професионална кариера.Во својот трет професионален настап ќе ги вкрсти ракавиците со противник од Босна и Херцеговина.Искуство повеќе за Чатлески но и момент каде што може да...

Прилепчанец управувал возило без возачка дозвола и направил сообраќајка со полициско возило  

 Од слобода е лишен прилепчанец кој управувал возило без возачка дозвола, па бил дел и од  сообраќајна незгода со полициско возило, во која била причинетаи материјална штета. Настанот се случил,  вчера, 24.03 2026 во 11:30 часoт во Прилеп, кога полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Е.Ш.(21) од...