Воодушевија со својите едноставни музички пијано изведба и потврдија дека Прилеп има многу млади музички пијано таленти – така најмладите пијанисти од ООМУ “Ордан Миихалоски -Оцка “-Прилеп го одбележаа Меѓународниот денот на пијанот.
Преку пијано маратон, како дел од одбележувањето на овој музички празник, 72 млади талентирани момчиња и девојчиња ja покажаа својата љубов кој пијанот и предизвика многу насмевки и аплаузи кај присутните.
Благодарници до сите ученици – а, златни медали за најдобрите, кои се натпреваруваа во три категории, во различни возрасни групи, со што им беше оддадено признание на младите таленти за нивниот труд и музичка страст.
Овој пијано ден не само што ја афирмираше уметноста, туку и ја поттикна младата генерација да продолжи да го негува музичкото творештво. Се доби впечаток дека пијаното не е само инструмент, туку и мост што ги поврзува децата, наставниците и заедницата преку заедничка радост и инспирација.









