Жена возела под дејство на алкохол – измерени и’ биле 1.51 промили

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Утрово, полицијата сопрела возило „фиат” и утврдила дека возачот- жена од с. Мало Коњари во близина на старата автобуслака станица, вози под дејство на алкохол. И биле измерени 1.51 промили алкохол во крвта и веднаш била приведена во полициска станица.

„На 22.03.2026 во 03:35 часот на ул.„Андон Слабејко” во Прилеп полициски службеници од ОВР Прилеп ја лишија од слобода С.Ј.(38) од с. Мало Коњари, прилепско.  Имено, при контрола во сообраќајот полициските службеници сопреле патничко возило „фиат” со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.Ј., при што констатирано било дека го управувала возилото под дејство на алкохол, односно измерени и биле 1.51 промили алкохол во крвта, се вели во полицискиот билтен од СВР Битола.

По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок .

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Отворен напланиот центар во Точила на Комуналец и Водовод

По барање на жителите на една од најголемите населби “Точила“, повторно е отворен наплатниот центар на двете ЈКП, Комуналец и Водовод и Канализација, кој беше неколку години вон функција. Со наплатниот центар ќе се овозможи поефикасна наплата, зашто жителите од оваа населба повеќе не ќе мораат наплатата да ја вршат...

Билетите за „Чернодрински“ онлајн достапни од 28 мај, на касата – од 1 јуни

Десет дена пред почетокот на 60. јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, поради големиот интерес за фестивалот, дел од билетите ќе бидат пуштени во онлајн-продажба в четврток (28 мај) од 10 часот преку системот karti.com.mk. Физичката продажба на билетите на билетарницата на Центарот за култура во...

(ВИДЕО)Премиерa на „Девојките на Марко“ од театарот „Војдан Чернодрински“ во Цепенков

Премиерата на претставата „Девојките на Марко“, работена според култниот текст „Боинг Боинг“ на Марк Камолети, во режија на Синиша Евтимов, во продукција на Театар „Војдан Чернодрински“ ќе се одржи утревечер (среда) од 20 часот на големата сцена во ЦК „Марко Цепенков“. Ова е  втора премиера на театарот за годинава, поддржана...