Проданоски на Светскиот ден со поддршка на лицата со Даунов синдром

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Денеска, 21 март, се одбележува Светски ден на лицата со Даунов синдром – ден кој не е само симболика, туку потсетник дека различноста е сила, а не пречка. Денот е посветен на подигање на свеста за лицата со Даунов синдром и на промовирање на нивната инклузија во општеството.

Овој датум не е избран случајно: 21-виот ден од третиот месец симболично ја претставува трисомијата на 21-от хромозом, генетската карактеристика што го предизвикува Даунов синдром.

„Денеска ја истакнуваме нашата поддршка за сите лица во Прилеп и низ Македонија кои живеат со  Даунов синдром, со порака дека прифаќањето и разбирањето се темел на едно здраво општество.
Како локална самоуправа, остануваме посветени на креирање услови во кои секој има еднаква шанса да напредува и да живее достоинствено.“, напиша градоначалникот на Прилеп,Дејан Проданоски  на своја официјална ФБ страница, како поддр

Лицата со Даун синдром се рамноправни членови на општеството, со свои таленти, способности и права. Одбележувањето на 21 март не е само симболичен датум, туку потсетник дека општеството треба постојано да работи на создавање услови за поголема инклузија, разбирање и поддршка за лицата со Даунов синдром и нивните семејства.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилепчанец и прилепчанка фатени со дрога

Битолската полиција привела двајца прилепчани, еден маж и една жена, кај кој, при претрес на  возилото со кое се превезуале, пронашле дрога и дигитална вага. Настанот се сличил, вчера (20.03.2026)  во 21:45 часот во Битола, кога полициски службеници од СВР Битола ги лишија од слобода лицата Д.В.(49) и Н.М.(39), двајцата...

Повреден пожарникар од струен удар при гаснење пожар

При интервенција од пожар на куќа, пожарникар од ТППЕ-Прилеп добил стрруен удар и итно бил пренесен во болница. Настанот се случил ,вчера попладене (20.03.2026)  во 16:40 часот кога во ОВР Прилеп било пријавено дека настанал пожар на ул.„Дебарца” во Прилеп. Пожарот ја зафатенл куќата и помошна просторија во  сопственост на...

Владата утре ќе носи вонредни мерки за цените на горивата

Владата утре на вонредна седница во 12 часот ќе носи мерки со кои ќе се ублажи ценовниот раст на горивата. -Иако земјава има убедливо најевтини горива во регионот, се очекува во понеделник да има дополнителен раст на цените на дизелот и на бенизините. Заради тоа, Владата утре во 12 часот...