Трио 95 – Прилеп е компанија која веќе три децении е симбол на посветеност, мајсторство и доверба во производството на зaмрзнати полуготови лиснати теста, пици и пирошки. Основана со визија да донесе врвен квалитет на македонската трпеза, компанијата започнува во 1995 година со производство на пици, проширувајќи ја својата дејност (1999 година) со производство на замрзнати полуготови лиснати теста, пирошки, кифли, кори за пити, а во текот на годините со збогатување на асортиманот со лиснатие погачици со различни филови со: спанаќ, кашкавал, јаболко и вишна, филувана замрзната пица и филувани смрзнати пирошки, со правилно избалансиран состав на внесени суровини.
Секоје изработено лист тесто е резултат на внимателно избрани состојки, прецизна технологија и љубов кон занаетот.
Во текот на овие 30 години, „Трио 95“ постојано вложува во модернизација на производството, во усовршување на рецептурите и во создавање производи кои ги задоволуваат највисоките стандарди, па денес таа претставува пример и препознатлив бренд за тоа како традицијата и иновацијата можат да одат рака под рака.
„Нашите производи се користат во домови, ресторани и пекари, а довербата на потрошувачите е најголемата награда за нашата работа. Со гордост можеме да кажеме дека сме дел од секојдневието на илјадници семејства, кои со нашето тесто создаваат вкусни и незаборавни моменти„, велат од компанијата
Придобивките од „Трио 95“ се бројни и се чувствуваат во секој залак. Лиснато тесто е практично и лесно за употреба, што им овозможува на домаќинките и професионалните готвачи да подготват богата палета на јадења, од солени пити и кифли, до слатки десерти и колачи. Со поризводите на Трио 95 се штеди време, а се добива врвен резултат, бидејќи тестото секогаш е свежо, еластично и со совршена текстура. Покрај тоа, „Трио 95“ се грижи и за здравјето на потрошувачите, користејќи проверени состојки и современи методи на производство кои гарантираат безбедност и квалитет, спорведувајќи го HACCP и ISO 22000:2005 системите за контрола на квалитетот.
Производи се достапни во 1000 маркети ширум Македонија, што значи дека секоје семесјтво во Македонија може да ужива во вкусот на традицијата. Па, денес, после 30 години, „Трио 95“ не е само производител на замрзнато лиснато тесто, пици и пирошки, туку ипартнер во секојдневието на луѓето.
„Со постојаното вложување во развој, ние создадовме бренд кој е препознатлив и ценет, а тоа е најголемата придобивка за нашите клиенти, сигурноста дека секогаш добиваат најдобро.“, нагласуваат со гордост од компанијата
Тридецениската приказна на Трио 95 -Прилеп е поврзана со доверба, со постојаниот раст и со посветеност кон потрошувачите.
„Со секој нов производ, ние ја збогатуваме понудата и им овозможуваме на семејствата да создаваат моменти на радост и заедништво. Придобивките од нашата работа се гледаат во задоволството на клиентите, во нивната лојалност и во фактот што „Трио 95“ е дел од нивните најубави спомени. Со гордост ја славиме нашата 30-годишнина, но и со поглед кон иднината подготвени да продолжиме да нудиме квалитет, и во змемјата и на пазарите во соседните земји, со иновација и вкус што трае. Благодарноста кон нашите потрошувачи е огромна, бидејќи без нив оваа 30 годинашна приказна немаше да биде возможна.“потенцираат од компанијата
И, така, „Трио 95“ – Прилеп следејќи го своето мото „Квалитетот секогаш се продaва” продолжува да ја гради својата убава приказна на вкусови, како симбол на сигурност, традиција и вкус верен на својата мисија – да создава производи кои ќе го прават секојдневието на секоје семејство поубаво.
Комерцијалне Прилог
ТРИО 95
УЛ. БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ Б.Б
ПРИЛЕП
Е -mail : trio_95@t-home.mk
Тел: 048 418 977/ +389 75 419 000









