Две лица се уапсени поради тоа што кај нив била пронајдена дрога
На 19.03.2026 во 16:30 часот на ул.„Кеј 9 Септември“ во Прилеп полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишија од слобода М.П.(25) и Д.К.(23), двајцата од Прилеп.
Имено, при контрола на патничко возило „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.П и сопатникот Д.К., во возилото била пронајдена прашкаста материја.
По документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок, информираат од СВР Битола.









