Фатен директор за примање мито од 50 000 евра

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција информира дека во тек е координирана акција со Министерството за внатрешни работи, поради основано сомнение за сторени кривични дела од коруптивна природа.

„Под координација на јавен обвинител на ОЈО ГОКК во тек е акција на МВР поради основано сомневање за сторени кривични дела од коруптивна природа. ОЈО ГОКК ќе излезе со детали по завршување на акцијата“, соопштија од обвинителството.

Претходно, според неофицијални информации од истрагата, актуелен директор на државна институција е лишен од слобода под сомнение за примање мито. Станува збор за акција на службите за борба против организиран криминал при Бирото за јавна безбедност.

Неофицијално, се посочува дека приведен е директорот на Државниот инспекторат за земјоделие, Васе Анакиев, кој бил фатен при барање и примање поткуп во износ од околу 50.000 евра. Тој директорува од јули 2024 година.

Засега нема официјална потврда за идентитетот на приведеното лице, ниту за сите детали од случајот. Истражните органи работат на утврдување на сите околности, вклучително и дали станува збор за изолиран случај или за поширока корупциска мрежа.

Од извори вклучени во акцијата неофицијално се брифира дека станува збор за дел од засилените активности за борба против корупцијата, со акцент на неселективно постапување.

Се очекуваат повеќе информации по завршување на акцијата.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Владиката Никола избран за Митрополит Австралиско-новозеландски

На седницата на Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија на 19 март 2026 година, Неговото Преосвештенство Епископот Велички г. Никола е избран за Митрополит Австралиско-новозеландски. Замонашен е во манастирот „Свето Преображение“ во Зрзе во 1998 година. Истата година е ракоположен во ѓаконски чин, а идната година...

Две млади лица се уапсени поради тоа што кај нив била пронајдена дрога

Две лица се уапсени поради тоа што кај нив била пронајдена дрога На 19.03.2026 во 16:30 часот на ул.„Кеј 9 Септември“ во Прилеп полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишија од слобода М.П.(25) и Д.К.(23), двајцата од Прилеп. Имено, при контрола на патничко возило „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано...

„Трио 95“ Прилеп – 30 години традиција, квалитет и вкус

Трио 95 – Прилеп е компанија која веќе три децении е симбол на посветеност, мајсторство и доверба во производството на зaмрзнати полуготови лиснати теста, пици и пирошки.  Основана со визија да донесе врвен квалитет на македонската трпеза, компанијата започнува во 1995 година со производство на пици, проширувајќи ја својата дејност...