(Видео) Здрави заби за убава насмевка – хепенинг во Прилеп посветен на оралното здравје

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Под мотото „ЧЕТКАЈ-БЛЕСКАЈ“ во организација на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност „Борка Талески – Прилеп, во  Домот на културата „Марко Цепенков„ децата учеа за важноста од оралната хигиена и како до здрави заби и убава насмевка.

„Здравата насмевка не е само одраз на убавината, туку и огледало на грижата што им ја посветуваме на најмладите“, порача д-р Јулијана Стевананџија, изразувајќи голема благодарност до сите кои придонесоа за реализација на настанот.

Едукативениот хепенинг посветен на оралното здравје, беше организиран во рамките на одблежувањето на  Светски ден на оралното здравје. Во него учествуваа ученици од основните училишта, деца од ЈДУГ „Наша иднина“, учесници од приватните едукативни центри и сите оние кои сакаа да научат повеќе за одржување  на оралната хигиена и за здрави заби , преку забава и игра.

Организаторите изразија надеж дека оваа иницијатива ќе прерасне во традиција, која секоја година ќе ги обединува најмладите во името на здравата насмевка.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Мермерот, тутунот и туризмот ќе ја збогатуваат трговската размена со Кина

При посетата на Прилеп за промоција на древната техника Таи Чи која ќе се применува во Школата за мајчинство во прилепската болница, амбасадорката на Народна Република Кина во Македонија, Џианг Сјаојан одговораше и на новинарски прашања кои се однесуваа на идните проекти на кинеската амбасада во Македонија и Прилеп, како...

Акција за пошумување на Маркови кули со 6000 садници, в сабота по повод Денот на пролетта

Ќе се пошумува Маркови кули со 6000 дабови дрвца, по повод Денот на Пролетта и екологијата, 21 Март, со цел создавање позелена животна средина на овој локалитет, како заштитено подрачје и споменик на културата. Целта на оваа акција подджана од Општина Прилеп и Бирото за развој е воспоставување поголема стабилност...

(ВИДЕО)Древната кинеска техника Таи Чи ќе се практицира во прилепската Школа за мајчинство

Прилепската Школа за  мајчинство која речиси една година функционира во Општата болница на гинеколошкото одделение се збогатува со нова техника Таи Чи – древна кинеска комбинација од медитација и лесни физички вежби. Иницијатор за оваа новина е Македонската асоцијација на гинеколози и обстретичари (МАТО) во соработка со гинеколошкото одделение при...