Акција за пошумување на Маркови кули со 6000 садници, в сабота по повод Денот на пролетта

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Ќе се пошумува Маркови кули со 6000 дабови дрвца, по повод Денот на Пролетта и екологијата, 21 Март, со цел создавање позелена животна средина на овој локалитет, како заштитено подрачје и споменик на културата.

„По повод Денот на пролетта, 21 Март организираме акција за пошумување на подножјето на Маркови и Кули во соработка со Институтот за Старословенска култура. Средствата за садниците се од проектот, Програмата од Бирото за регионален развој. Ги поканувам сите граѓани во сабота да дојдат во подножјето на Маркови Кули да засадиме  6000 дабови садници и да дадеме придонес во раззеленување на оваа околина. Традиционално, училиштата ќе се вклучат со акција за чистење на дворовите, на просторите на училишното и така во име на екологијата да го прославиме Денот на планетата на Земја или Денот на пролетта, 21 Мат, за да го заслужиме и епитетите, и да бидиме најзелениот град во Македонија.“, повика градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски на заедничка Еко акција за пошумување на Марковите Кули.

Целта на оваа акција подджана од Општина Прилеп и Бирото за развој е воспоставување поголема стабилност на еколошките процеси и зачувување на биолошката и пределската разновидност на овој значаен локалитет за Прилеп.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Отворен напланиот центар во Точила на Комуналец и Водовод

По барање на жителите на една од најголемите населби “Точила“, повторно е отворен наплатниот центар на двете ЈКП, Комуналец и Водовод и Канализација, кој беше неколку години вон функција. Со наплатниот центар ќе се овозможи поефикасна наплата, зашто жителите од оваа населба повеќе не ќе мораат наплатата да ја вршат...

Билетите за „Чернодрински“ онлајн достапни од 28 мај, на касата – од 1 јуни

Десет дена пред почетокот на 60. јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, поради големиот интерес за фестивалот, дел од билетите ќе бидат пуштени во онлајн-продажба в четврток (28 мај) од 10 часот преку системот karti.com.mk. Физичката продажба на билетите на билетарницата на Центарот за култура во...

(ВИДЕО)Премиерa на „Девојките на Марко“ од театарот „Војдан Чернодрински“ во Цепенков

Премиерата на претставата „Девојките на Марко“, работена според култниот текст „Боинг Боинг“ на Марк Камолети, во режија на Синиша Евтимов, во продукција на Театар „Војдан Чернодрински“ ќе се одржи утревечер (среда) од 20 часот на големата сцена во ЦК „Марко Цепенков“. Ова е  втора премиера на театарот за годинава, поддржана...