Мермерот, тутунот и туризмот ќе ја збогатуваат трговската размена со Кина

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

При посетата на Прилеп за промоција на древната техника Таи Чи која ќе се применува во Школата за мајчинство во прилепската болница, амбасадорката на Народна Република Кина во Македонија, Џианг Сјаојан одговораше и на новинарски прашања кои се однесуваа на идните проекти на кинеската амбасада во Македонија и Прилеп, како и потенцијалите за билатералната соработка на земјава со Кина. Амбасадорката Сјаојан најави дека има голем интерес од страна на кинеските инвеститори во областа на рударството поврзано со потенцијалите што ги има Прилеп за мермер.

Воедно упати јавна покана до градоналникот Проданоски за присуство на Меѓународна конференција од областа на тутунот и тутунопроизводството која што годинава ќе се одржува во збратимениот град Дејанг, инаку роден град на амбасадорката Сјаојан.

Кои се идните проекти во Прилеп и соработка што можете да ги посочите во иднина со Народна Република Кина? 

„Во февруари годинава кинески инвеститори беа во Прилеп да истражуваат можности за соработка и ги посетија рудниците и фабриките за преработка на мермер и имаа размена на информации со бизнисмените во Прилеп. Се разговараше за бизнис соработката. Секако во иднина ќе упатиме покана до повеќе кинески инвеститори да дојдат во Прилеп. Секоја година Кина ќе обезбеди тренинг програми и семинари за македонските граѓани да ја посетат Кина. Ќе ги поканиме кинеските експерти да дојдат овде, во Скопје, но исто така и во Прилеп за академска размена на искуства. Во јуни, збратимениот град со Прилеп Дејанг ќе биде домаќин на конференција за тутунопроизводството. Ние ќе го поканиме градоначалникот на Прилеп да ја посети Кина, но секако дека е добредојден како гостин, на официјално ниво за ваква соработка, како и на ниво на граѓанска соработка, човек со човек, за пријателство,“ рече амбасадорката Сјаојан.

Во поглед на можностите за продлабочување на билатералната соработка амбасадорката одговараше и на прашањето колку актуелната глобална состојба се одразува врз македонско – кинеското пријателство.

Како глобалната состојба се рефлектира врз пријателството меѓу Народна Република Кина и Македонија ?

„Нашите билатерални односи се на стабилна патека. Секако би сакале да видиме повеќе соработка и размена во иднина. Довербата меѓу двете земји е добра и ние ќе продолжиме да ја развиваме овие односи со меѓусебно почитување во взаемните темелни  интереси. Постојат за тоа многу можности бидејќи Кина е  тукушто го усвои 15 Г планот и се отвораме како земја кон светот и земји како Македонија. Ние ќе го направиме најдоброто што можеме во различни области во соработката во иднина. Дефинитивно би сакале да ги охрабриме луѓето да ја посетуваат Кина и кинески туристи да ја посетат Македонија и би сакале да ја создадеме услови за таква соработка. Кина е моментално трета земја партнер според трговската размена со Македонија, а најголем  земја партнер надвор од Европа, што значи дека има голем потенцијал: би сакале да увезуваме повеќе од Македонија и добро би било да го овозможиме тоа во иднина,“ рече Џианг Сјаојан амбасадорка на Народна Република Кина во Македонија.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Отворен напланиот центар во Точила на Комуналец и Водовод

По барање на жителите на една од најголемите населби “Точила“, повторно е отворен наплатниот центар на двете ЈКП, Комуналец и Водовод и Канализација, кој беше неколку години вон функција. Со наплатниот центар ќе се овозможи поефикасна наплата, зашто жителите од оваа населба повеќе не ќе мораат наплатата да ја вршат...

Билетите за „Чернодрински“ онлајн достапни од 28 мај, на касата – од 1 јуни

Десет дена пред почетокот на 60. јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, поради големиот интерес за фестивалот, дел од билетите ќе бидат пуштени во онлајн-продажба в четврток (28 мај) од 10 часот преку системот karti.com.mk. Физичката продажба на билетите на билетарницата на Центарот за култура во...

(ВИДЕО)Премиерa на „Девојките на Марко“ од театарот „Војдан Чернодрински“ во Цепенков

Премиерата на претставата „Девојките на Марко“, работена според култниот текст „Боинг Боинг“ на Марк Камолети, во режија на Синиша Евтимов, во продукција на Театар „Војдан Чернодрински“ ќе се одржи утревечер (среда) од 20 часот на големата сцена во ЦК „Марко Цепенков“. Ова е  втора премиера на театарот за годинава, поддржана...