(ВИДЕО)Древната кинеска техника Таи Чи ќе се практицира во прилепската Школа за мајчинство

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Прилепската Школа за  мајчинство која речиси една година функционира во Општата болница на гинеколошкото одделение се збогатува со нова техника Таи Чи – древна кинеска комбинација од медитација и лесни физички вежби. Иницијатор за оваа новина е Македонската асоцијација на гинеколози и обстретичари (МАТО) во соработка со гинеколошкото одделение при Општата болница „Борка Талески“ Прилеп.

Прекрасно е што сум повторно во Прилеп, ова е мое второ патување и се чувствувам прекрасно во Општата болница во Прилеп, и УНФПА кои што ни помогнаа да се координираме за овој настан. Ние сме тука поради Меѓународниот Таи Чи – ден кој што за прв пат е УНЕСКО да оддаде чест и одбележување на 21 март бидејќи е перфектно време да се оддаде чест на балансот на природата и со фокус на мирoљубив ум. Се заблагодарувам на асоцијацијата МАГО (Македонска асоцијација на гинеколози и обстретичари) кои што придонесоа ова да се случи. Причината зошто сите сакаат да вежбаат Таи Чи е поради тоа што техниката е соодветна за сите возрасти, и за мажи и за жени, и сите националности. Денес повеќе од 400 милиони луѓе во светот практицираат Таи Чи и од нив повеќе од половината се жени и исто така е многу добро за бремените жени, за лекување на депресија, анксиозност  и слични заболувања. Таи Чи комбинира уметност и медитација – баланс на умот и ги охрабрувам сите да почнат и да го практикуваат. Тие што имаат дијабетес или висок крвен притисок ова е добар избор за нив. Би кажала и неколку збора и за Прилеп кој што е збратимен со мојот роден град Дејанг од провинцијата Сеучуан. Се надевам дека со денешната соработка и наредните кои ќе бидат ќе придонесеме за збогатување на пријателството меѓу двата града и меѓу народите од двете земји. Ги охрабрувам жителите на Прилеп да го направат најдоброто од кинеската полиса за македонските граѓани – не мора да аплицираат за визи, само посетете ја Кина без визи, или практицирајте Таи Чи со кинеските граѓани, со вашите браќа и сестри во градот Дејанг, рече амбасадорката на Кина во Македонија, Џианг Сјаојан.  

„Со оваа техника ќе се подобри благосостојбата на идните мајки, ќе се подобри мајчиното здравје, ќе се намали анксиозноста на идните родители,“ рече Кире Јоноски, директор на Општата болница „Борка Талески“ заблагодарувајќи се за можноста древната кинеска техника да се применува во Школата за трудници во Прилеп.

Интересот за таканаречената „Мајчина школа“ е многу голем во прилепската болница. Трудниците се запишуваат уште пред неколку месеци пред да дојдат до периодот да ги користат благодетите во последниот месец од бременоста.

– Нашата Школа ја посетуваат мајки – трудници во последниот месец од бременоста. Одржуваме теоретска настава, вежби, интерактивна соработка со трудници. Одржуваме часови еднаш неделно на попладне, по 1 час. Школата е бесплатна како и сите услуги наменети за трудниците во државното здравство. Во моментов имаме група од 10 трудници кои ќе продолжат со практицирање на Таи Чи. Имаме соработка со докторот од физикална терапија др Благоја Георгиески за да се промовираат и јога вежбите, кои што заедно со Таи Чи придонесуваат за подобро физичко и менталното здравје на мајките и на сите жени, да се подобри нивната благосостојба. Тука е вклучена и медитацијата за да се намали анксиозноста, стресот посебно во последниот месец од бременоста, како и техники за дишење за полесно да го поминат тој период до породувањето. Вклучува и лесни јога вежби, пешачење“, рече Билјана Кржеска, началник на одделението за гинекологија во прилепската болница.  

Од почетокот на годината во прилепската болница 90 новороденчиња дошле на свет.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(Видео) Здрави заби за убава насмевка – хепенинг во Прилеп посветен на оралното здравје

Под мотото „ЧЕТКАЈ-БЛЕСКАЈ“ во организација на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност „Борка Талески – Прилеп, во  Домот на културата „Марко Цепенков„ децата учеа за важноста од оралната хигиена и како до здрави заби и убава насмевка. „Здравата насмевка не е само одраз на убавината, туку и огледало на грижата...

Мермерот, тутунот и туризмот ќе ја збогатуваат трговската размена со Кина

При посетата на Прилеп за промоција на древната техника Таи Чи која ќе се применува во Школата за мајчинство во прилепската болница, амбасадорката на Народна Република Кина во Македонија, Џианг Сјаојан одговораше и на новинарски прашања кои се однесуваа на идните проекти на кинеската амбасада во Македонија и Прилеп, како...

Акција за пошумување на Маркови кули со 6000 садници, в сабота по повод Денот на пролетта

Ќе се пошумува Маркови кули со 6000 дабови дрвца, по повод Денот на Пролетта и екологијата, 21 Март, со цел создавање позелена животна средина на овој локалитет, како заштитено подрачје и споменик на културата. Целта на оваа акција подджана од Општина Прилеп и Бирото за развој е воспоставување поголема стабилност...