Возач на електричен тротинет се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа во Прилеп:
„На 18.03.2026 во 06:50 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на крстосница од ул.„Пере Тошев“ и ул.„Димче Антулески“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.К.(22) и електричен тротинет, управуван од М.Д.(41), двајцата од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Д., констатирани во Општа болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп,“ информираат од СВР Битола.









