Рудник САСА ја започна еко кампањата „Твојата грижа за планетата вреди х2“

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

По повод 18 март – Глобалниотден на рециклирањето, Рудник САСА, во соработка со Друштвото за управување со отпад „Пакомак“ и Општина Македонска Каменица, ја започна општествено-одговорната еко кампања „Твојата грижа за планетата вреди х2“. Иницијативата е насочена кон поттикнување на рециклирањето и унапредување на еколошката свест кај вработените и локалната заедница.

Кампањата ќе трае сѐ до 22 април – Денот на планетата Земја.Во текот на овој период, за секое одложено пластично шише или лименка во некоја од трите повратни вендинг машини поставени во рудникот САСА и во Македонска Каменица, ќе се добиваат два „зелени поени“, односно двојно повеќе од досега.Собраните „зелени поени“ учесниците ќе можат да ги искористат за различни придобивки, меѓу кои за ваучери за попусти во маркети, донации и сл.

Преку оваа иницијатива, Рудник САСА има за цел дополнително да ги мотивира своите вработени и жителите на Македонска Каменица активно да учествуваат во рециклирањето, да придонесат кон намалување на пластичниот отпад и да ја заштитат животната средина.

„Заштитата на животната средина е составен дел од нашите долгорочни заложби и нашата одговорност кон заедницата во која работиме. Со кампањата Твојата грижа за планетата вреди х2се надеваме дека на едноставен и практичен начин ќе ги поттикнеме луѓето да се вклучат во рециклирањето и ќе покажеме дека секоја иницијатива може да има значајно позитивно влијание врз природата. Веруваме дека преку вакви заеднички активности можеме да изградиме уште посилна култура на одговорно однесување кон животната средина“, изјави Марија Стојановска, раководител на Службата за заштита на животната средина.

Во изминатите години, Рудник САСА континуирано реализира слични еко иницијативи, во партнерство со локалната заедница, училиштата и граѓанските организации, со цел унапредување на еколошката свест и поттикнување на активна грижа за природата.

Кампањата „Твојата грижа за планетата вреди х2“ е дел од пошироките активности на компанијата насочени кон заштита на животната средина, одржлив развој и унапредување на квалитетот на живот во локалната заедница, што претставува важен сегмент од долгорочната стратегија за одржлив развој на Рудник САСА.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 јуни

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 јуни   Владата на денешната седница ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15.06. Истовремено, како резултат на разговорите што Владата ги водеше со најголемиот домашен снабдувач на нафтени деривати, компанијата „ОКТА“, обезбеден е дополнителен попуст од 2

Советникот Иванов алармира: Кочани може да се соочи со недостиг на вода во пикот на летната сезона, Советниците бараат поинтензивни мерки против предизвикувачите на...

Советот на Општина Кочани на својата 14. седница ја разгледуваше и информацијата за проекцијата на користење на водата за пиење во сезоната пролет-лето 2026 година од градскиот систем за водоснабдување. Дискусијата меѓу советниците отвори сериозни дилеми околу капацитетот на системот да ги задоволи потребите на граѓаните во текот на претстојните летни месеци. Според податоците презентирани

Официјални резултати од турнирот на градскиот стадион „Никола Мантов“ во Кочани:

Coca Cola Cup (2011) – Машки: Малешевци (Берово) Coca Cola Cup (2011) – Женски: Шампионки (Кочани) Футсал (2015): Млади Таленти (Берово) Кошарка (Баскет 3х3) Машки: Дрим Тим (Кочани) Женски: Екипа Снова (Кочани) Ракомет Машки: Орели (Облешево) Женски: Голак (Делчево) Одбојка Машки: Одбојкарски бисери (Кочани) Женски: Голак (Делчево) Народна топка Генерација 2015: Багери (М.Каменица) Генерација 2017: